На лидерската средба на НАТО во Лондон, премиерот на нелигитимната Северна, инсталиран од западна странска служба, седна на столче кое беше означено со кратенката (NOM).

Го прашуваме комплетниот евроатлански блок од лево, преку центар до десно, МАНУ, Уставен суд, научната јавност која е таа земја Северно од Македонија, North of Macedonia (NOM)?

Прашуваме по кои демократски критериуми и стандарди западниот свет ја преименува нашата татковина со кратенката (NOM), спротивно на народна волја, Уставот на Република Македонија и меѓународното право ?

Се појасно е за народот велепредавството не само на СДСМ и ДПМНЕ, туку и на комплетниот општествено-политички-научен систем.

Се појасен е евроатлански пат и стратешките партнери кои не однесоа во депонијата на човечкиот отпад, канцерогеното ѓубре, ураниумските бомби, гмо, либералните идеологии, двојните стандарди, национални понижувања, терористички напади, хибридна војна.

Затоа Родина заедно со македонскиот народ  ја подига новата суверенистичка програма Вистински Македонски Пат, надвор од неолибералниот поразен систем, надвор од криминалните системи на локалните и светски рекетари кои Македонија ја чинат 1,3 милијарди евра годишно, програма за Македонија да биде пристојно и достоинствено место за живеење за секој Македонец, без разлика на партиска, етничка, верска и друга припадност.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

https://rodina.org.mk/pristapnica/