You are currently viewing ЗАКАНИТЕ НА СЛАВЈАНКА КОН РУСИЈА И РУСКАТА АРМИЈА!

Смешно е да се гледа оваа западна инсталација олицетворена во карикатурната франкештајн западна колонија која носи име „С……“.

Сигурно македонската нација си го поставува прашањето, зошто во врвот на Владата и министерствата се поставува волку низок квалитет на личности? По кои критериуми и стандарди, поготово во земја која претендира кон „високите“ „демократски“ „стандарди“ на западната „цивилизација“, се на позиции во Владата?

Западната цивилизација секогаш проблемите од дома, сака да ги извезе во трети земји.
Денес поразената западна идеја, која ги собира плодовите од империјалистичките, колонијални политики во изминатите неколку века, ги губи позициите скоро на сите континенти, од јужна америка, африка, азија, па се до европа.

Употребната вредност на АРМ во можниот судар на западот со Русија е само со улога жртвени јагниња, чин после кој се преговара за идните поделби на светот.
За да се прифати таквата улога, потребен е низок квалитет на луѓе, каде на нашите синови ќе им го додели токму тој чин.
Тоа е употребната вредност на Славјанка, која е врв на аспурдот, да и се заканува на Славјанска Русија.
Тоа е употребната вредност и на новиот премиер, не избран од народот.
Тоа беше и употребната вредност на претходниот, на сила поставен со западната хибридна војна и шарена револуција!

Родина Македонија бара под итно повлекување на македонската армија од границите со Русија.
Без Русија, рускиот и советските народи, фашизмот немаше да биде поразен во светот!
Тие кои се положија со 30 милиони животи, заслужуваат почитување и благодарност, а не закани и навреди.
Родина Македонија како антифашистичка организација се поклонува пред тие жртви!

Во духот на словенските традиции, бараме мирно решавање на украинската криза, со директни разговори на братските украински и руски народ, без посредство на западните паразити.