You are currently viewing ЗАБЕГАВТЕ 780% !

Уставниот суд, инаку уште една недостојна институција која зема плата од Буџетот на Република Македонија, односно од народната каса, а кој испорачува континуирана неправда, непочитување и кршење на Устав, државен удар, прогон на луѓе кои бранеле Устав, донесе одлука, после која функционерите може да си ги зголемат платите за 78%, но и платите на самите „чесни“ судии.

Па така Претседателот, кој својот народ си го нарече стока и кој не би живеел во земјата на која е Претседател, една случајна личност на таа позиција, ќе зема народни пари, незаслужено од 93.000 на 165.000 денари.

Пратениците, посебен вид на луѓе, безрбетници, кои предадоа се што можеше да се предаде од унитарност, знаме, име, идентитет, ќе земаат народни пари незаслужено, од 60.000 денари на фантастични 103.000 денари.

Премиер, министри, заменици на министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, Уставниот суд кој го овозможи ова покачување.

Мил наш работен народе, селанецу, сето ова ние го дозволуваме!

Макароните ни ги поефтинија за 4 денари, а претходни дупло ги покачија. Лебот го замрзнале, а нема леб под 1 евро за 400 грама.

Здравство, образование, протестира за 2000 денари, добива само ветувања.

Овие паразити олицетворени во системските политички партии, кои го партизираа целиот систем, кои никакво национално добро не испорачуваат, а испорачуваат само велепредавства, декаденција, распад, криминал, корупција, а за тоа платата земаат од народната каса, која се полни од нашата деноноќна работа, од нашиот турд, од даноците кои ги има се повеќе, каде се повеќе оставаме за нив, а за нас ништо, треба да се исчистат од нашата држава.

Мора да се исправиме пред овој паразитски антимакедонски антинароден систем и да го урнеме од темел!

Мора час поскоро да излеземе на улиците низ Македонија и да си ја вратиме државата, да биде во служба на народот.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!