Македонски полуостров, планинско село, осумдесет и некоја од минатиот век, „Зошто служи ова копче на радиото дедо? За да слушаме вести од Америка, Гласот на Вашингтон, да слушнеме што американците зборуваат за светот. И што зборуваат американците за светот? Зборуваат како ја шират демократијата низ светот, како се грижат сите луѓе добро да живеат, слободно и просперитетно…“
Холивудската приказна до нас не допре прку малите екрани, туку преку големите антени. Тогашните млади комунисти се соживеаја со западната приказна и влегоа во западниот демократски филм, а денес како стари комуњари одлично профитираат од неа, се разбира на штета на народот.
03.10.2019 год, Дебарца, местото каде за време на втората светска војна била прогласена првата слободна територија и место каде се планирале првите поголеми диверзантски акции на македонските партизани, т.н. Претседател на денешна Македонија, Стево, кој самиот се нарече камшикар веројатно врз основа на себеперцепција после изгледан филм за возрасни, одржа говор. Односно прочита текст кој веројатно му го напишале од некоја добро платена служба. Зборуваше тој за славното минато, за првиот македонски батаљон, за главниот штаб на народноослободителната војска, за водачите на антифашистичката борба.
„Иако во ова училиште не се одржувала настава, сепак, водачите на антифашистичка борба тука ги учеле најважните лекции.“
Токму така Стево, во време на фашистичка окупација, кога сите институции се во рацете на окупаторот, единствена можност за учење на народот е надвор од официјалните механизми, онаму кај што нема настава, кај што нема пропаганда од продадени медиуми и новинари, кај што не досега раката на ненародните власти, што подалеку од нив па макар и виртуелно.
„Првата лекција била за континуитетот на борбата. Тие биле свесни дека борбата не започнала од нив, туку дека се само еден дел од долгата низа родољуби и револуционери кои се бореле за македонската слобода и државност.“ – продолжува да чита Стево. Првата лекција била таа, но вие предавниците и после повеќе од 70 години никако да ја научите. Едно кажуваш бе Стево а друго правите. Убаво ти напишале дека континуитетот трае многу пред тоа, но вие во предавничките договори го прекинувате континуитетот и почетокот на таа борба го ставате некоја година после настанот за кој го читаше текстот што ти го напишале, а ти не си го разбрал. Во овие договори некако се изгубија и фашистите, па станаа ослободители, што е и логично, бидејќи повторно живееме во окупација, а вие сте нивни извршители, а за вас тоа претставува ослободување.
„ Втората лекција била за соживотот. Окупаторските сили постојано се обидувале да шират омраза врз етничка и верска основа. И колку повеќе окупаторот се обидувал да го разбива единството на народот, толку посплотени станувале партизаните, меѓу кои имало Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, христијани, муслимани, Евреи и атеисти.“ – продолжува Стефче испрекинато да чита, изгледа помалку му станува јасно што му напишале па веќе несигурно изустува. Колку е во право човекот, не знам дали зборува за 1943 или за 2019 година. Во изминатите 30 години токму тоа и го прави окупаторот. Оној соживот кој беше постигнат во полуокупационата пауза од 40 години, успешно го уништија новите окупатори. Па така сега имаме меѓуетничка омраза на највисоко ниво, поделена младина, деца кои се комшии а не се разбираат меѓу себе. За делење на школска клупа веќе никој и не помислува. Околу секоја поголема кражба на народот, вие пуштате криминалци да направат меѓуетнички крвопролевања, во кои секогаш жртви се Македонци.
„Третата лекција била за сојузништвото, бидејќи во истата училишна зграда била сместена и британската воена мисија што било потврда дека сме дел од големата антифашистичка коалиција.“ Сојузништвото бе Стево значи заедно да се бориш против непријателот, притоа штитејќи ги интересите на сите сојузници. Какви се тие сојузници кои прават се за да не избришат како народ? Во овие 30 години народот научи, но не онаму кај што се одржува настава за денот на вештерките и кај што од прво одделение се учи окупаторскиот јазик, дека всушност ние не се ослободивме, туку една окупација се замени со друга.
Свесни сме за овие три лекции но и соочени со фактот дека вашите стратешки партнери, оние кои присилно со методи на специјална војна, против волјата на народот, ве донесоа на власт, со ваша помош го оживеавте фашизмот. Тоа се иститите тие кои ги спомнавте како сојузници во првите народно ослободителни штабови, а всушност биле кочничар на вистинското македонско народно ослободување. Па така:
1 Можеме слободно да констатираме дека американскиот сон, вклучително и сите негови западни проекции, е само сон и нема никаква врска со реалноста, а посебно не со македонската реалност која во последните неколку години ни ја претворивте во кошмар. Тој американско-западен сон е една вешта манипулација за воспоставувања на современи робовладетелски односи во рамките на либерал-фашистичкиот светски поредок.
2 Македонскиот народ никогаш не се ослободи од фашистичкото ропството, туку едно се замени со друго. Затоа после 1945 добар дел од македонските патриоти беа убиени или затварани по затворите. Тито само спроведуваше британско-американски налози. Затоа Македонците беа палени и протерувани од егејскиот дел, затоа во пиринскиот ги изгубија националните права и беа подложени на жестока асимилација.
3 Овие денешниве комуњари (тие во сдс но и во дпне) како верни титови ученици и нивни потомци, верно го продолжуваат антимакедонското дејствување сѐ до денеска. Најнискиот економски стандард во југословенската федерација на „рамноправни народи“ го продолжија со најголемиот грабеж на македонскиот народ во изминатите 30 години. И покрај фактот што неколку пати се менуваа на власт, криминалците од нивните редови (оние од соросовите школски клупи) не ги затвараа и само правеа претстава за народот, како онаа со бројчаникот на триумфалната капија или педерската трагикомедија со Боки.
4 По истиот принцип затвараат или убиваат патриоти. Имаме убиства на македонски тинејџери од групации кои се силно на македонска линија, а во затворите без ништо да сторат се затворени најголемите патриоти за наводни најтешки дела против државата. Ова сето има логика само ако оваа власт ја погледнеме како фашистичко-окупаторска, и само во тој контекст народните патриоти можат да бидат државни непријатели.
5 Манифестот на Главниот штаб упатен до македонскиот народ е важен не само затоа што е прв официјален документ на македонски јазик отпечатен во првата партизанска печатница „Гоце Делчев”, туку и затоа што е многу силен аргумент во борбата против денешниот фашизам. Дали соседите на кои сега им го препишувате Гоце Делчев имале печатница со истото име во истиот период, па макар и за печатење на фашистички материјали, оти нели на таа страна они биле тогаш.
6 Дали печатењето на албански јазик на манифестот е дело на британските сојузници е прашање со кое треба да се позанимаваат историчарите, оти денешната ситуација многу упатува на тоа. Сите штабови на терористичките албански групации без исклучок до денеска се украсени со британското и американското знаме.
7 Македонците се повеќе се свесни за оваа современо, прекриено зад демократска маска, ропство. Па така „слободоумниот простор“ секојдневно се зголемува и покрај силниот пропаганден фронт со сите современи стедства, и пропорционално на тоа се формира вистинско народноослободително движење.
8 И за крај, иако темата е неисцрпна, во она што некој го напишал за наводниот претседател на Македонија, а го читаше Стево, по повод антифашистичкиот манифест, пишува: „дека слободата, правдата, еднаквоста можат да се постигнат само преку единство меѓу сите граѓани, независно од етничката, верската, идеолошката, социјалната или генерациската припадност. Затоа што денес, во очекување на нашето членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со Европската Унија, нам и те како ни е потребно тоа единство. Така ќе покажеме и ќе докажеме дека и ние сме ја научиле лекцијата на славната антифашистичка генерација”.
9 За ЕУ и НАТО нема што да зборувам, народот јасно кажа на 30.09.2018 година и секој мора тоа да го почитува. НЕ ЗА ЕУ, НЕ ЗА НАТО, НЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО.
10 За каква слобода, правда и еднаквост независно од етничка припадност читаш, кога во овие 30 години циганите добија право да изберат како да ги нарекуваме, избраа назив Роми а ние тоа го почитуваме. Шиптарите добија право да изберат како другите да ги нарекуваат, избраа назив Албанци, ние и тоа го почтуваме. Избраа и какво знаме сакаат да веат, иако спротивно на законите, им дозволивте. На нас Македонците знамето ни го забранивте, САМО НА НАС МАКЕДОНЦИТЕ ПРОБУВАТЕ ДА НИ ГО УКИНЕТЕ ПРАВОТО ДА СЕ НАРЕКУВАМЕ КАКО ЌЕ ИЗБЕРЕМЕ, А НИЕ НЕ САКАМЕ ПОИНАКУ ОД ТОА КАКО ОТСЕКОГАШ СМЕ СЕ НАРЕКУВАЛЕ МАКЕДОНЦИ КОИ ЖИВЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА, СВОЈАТА ВЕКОВНА ТАТКОВИНА.
Затоа бојкот на сите поединци и партии кои им слугуваат на западните фашисти, бојкот на сите оние на кои стратешки партнери им се тие кои сакаат да избришат се што е македонско. Бојкот на сите оние кои го грабаат народот и формирање на нови народни организации и партии за враќање на државата во народни македонски раце.
Боби Ѓорѓиевски, член на ИО-Родина