You are currently viewing СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Политичката партија Родина Македонија, во врска со претстојните локални избори 2025 година, го упатува следново соопштение до јавноста:

Имајќи ги предвид последните несфатливи потези на актуелната власт кои се граничат со предавство на македонските национални интереси, посебно од страна на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ, за откажување од учество на локалните избори во западниот дел на Македонија за сметка на нивните албански партнери во власта и каде што албанските партии ќе можат самостојно да формираат листи за настап на изборите, а имајќи ја предвид и целокупната катастрофална состојба во државата генерирана претходно од безумното владеење на СДСМ, Родина Македонија објавува дека за претстојните локални избори се формира коалиција од пет политички партии, со поддршка на уште неколку патриотски здруженија кои ќе настапат под заедничко име „ЗА НАШАТА РОДИНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, со посебно ангажирање во западниот дел од државата.

Коалицијата ќе направи обид да ги поттикне Македонците и другите граѓани од западниот дел на Македонија да излезат на избори и да гласаат за своите интереси и за своето достоинство кое со години наназад е систематски уривано не само од т.н. „албански партии“, туку и од страна на македонските партии. Истовремено, ги повикуваме не само симпатизерите и членовите на политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата, туку и сите други заинтересирани лица да се пријавуваат за формирање на изборните листи, заради покривање на сите или барем на најголем дел од изборните единици со листи на кандидати на коалицијата.

Коалицијата е одлучна во ставот дека политичките и личните интереси на властодршците не можат да се плаќаат со националните интереси на Македонците и на Македонија. 35 – годишното понижување и малтретирање на сопствената држава и народ од страна на двете најголеми македонски партии и нивните албански сателити, треба да заврши веднаш. Да го започнеме овој процес уште од овие локални избори зашто за нас се работи!

Напишете коментар