Пишува: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија
Една стара македонска поговорка вели, “Човек сам што може да си направи никој, не може да му направи”… Така и Мицковски со изјавата, “Го гледав во очи рускиот амбасадор, кога му реков дека сме против руската инвазија на суверена земја и ја подржуваме Украина‘‘. Стави “круна” (corona pax americana) на долгогодишното и фаворизирано мото #ЕденЕизборот.
За потсетување, ДПМНЕ од самото доаѓање на ова раководство, не само што е силен одработувач на доктрината: #EUќеНеРаниNATOќеНеБрани, туку е и силен лобист за “длабоката држава”, “темниот кабал”, “калето” и се‘ она што значи Антимакедонистика и Антиславистика. Но вреди да се потенцира и цврстиот антагонизам кон Руската Федерација, НР Кина, БРИКС… и сите нивни блиски соработници. Имено ДПМНЕ во времето кога во Венецуела се одвиваше пуч против легитимно избраниот претседател, отворено застана зад криминалецот и двоен шпиун Гуаидо, коЈ на изборите доби подршка од 1,5%. Само затоа што САД го предводеше и раководеше пучот. Имено ЦК на ДПМНЕ јавно го призна Гуаидо за претседател на Венецуела, само по ним јасни мерила и критериуми. Потоа јасно го подржуваа пучот (во обид) против белорускиот претседател Лукашенко…Иако и самата партија (ДПМНЕ) беше симната од власта со сличен пуч, оркестриран од истото “Кале” кое го подржуваат!
Ако ова не е еклатантен пример на контролирана опозиција, јас навистина не знам што е. И за крај изјавата : “Во Македонија нема партија која ја подржува РФ, БРИКС или било која алтернатива… имаме општествен консензус дека сме за ЕU и NATO!”
Уште еден фрапантен пример дека тие се опозиција само во сегментот “Спаринг партнер” на власта… и се разбира кога неподносливоста ќе достигне цена од 90 ден дизел… да се заменат фотељите, со амин на Калето.
Па да им кажеме јавно, не само што има партија која размислува и работи за Суверенизам… но и за алтернатива на #ИзборотЕеден и пред се е за соработка со словенските народи и РФ. Туку таа партија РОДИНА МАКЕДОНИЈА полека но сигурно прераснува во Организација за спас на Македонија и Се‘ Македонско… таа е препознаена од Македонецот, на пазар, на улица, во општествениот дискурс. Но препознаена е и од Русија, нејзините се‘ побројни партнери и секој слободољубив човек кој дошол во контакт со нашите идеи. Напразно се трудите.
ВИСТИНАТА НЕ СЕ ПРЕПОКРИВА!
Македонија на Македонците.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“