You are currently viewing ИСТОРИОГРАФСКА АНАЛИЗА НА „ИДЕИТЕ НА ВМРО“
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Ноторен и историски факт е дека #ОРГАНИЗАЦИЈАТА за спас на Македонија и Македонците не е ВМРО, туку е збир од сите револуционерни и ослободителни организации заедно. Во изминатите 200 години организиран, нормативно-правен облик добива со формирањето на МРО (Македонска Револуционерна Организација) во 1893 г. Без разлика на подоцнежните имиња основната идеја, желба и стремеж се исти сѐ до формирањето на првата Слободна македонска држава во 1944 г.

ВМРО е само мал дел од Организацијата. Без разлика на толкувањата дали е формирано 1917 или возобновено 1920 год, она што е важно е дека ВМРО само по себе од своите почетоци, преку својот основач Тодор Александров, сѐ до својот подем, врв и крај го опишува еден збор: КОНТРОВЕРЗНОСТ.

И да, за воља на вистината ВМРО има многу интересни и иновативни идеи, дотогаш невидени и револуционерни сами по себе како на пример: „Македонска стрелба”, „Атентати на кралеви, премиери министри“, „државен тероризам”, „Црни тројки”, „Економски убијци”, итн. Но, тие методологии и практични идеи не ја чинат идеологијата на една организација, посебно не на едно народно движење, кое ВМРО претставувало, дефакто и дејуре

Да ги разгледаме етапно основните идеолошки постулати на ВМРО.
1) Организацијата е народот – Народот е организацијата. Ова значи дека ВМРО постои само за ослободување и заштита на народот, но и регрутира, обучува, вработува луѓе од народот, се финансира од народот, не од странски влади, не од богати меѓународни концерни и фондови.

2) Независна Македонија на Македонците. Подразбира и буквално ослободување врз база на основите на Суверенизмот: Независност, Право на избор и Традиционални вредности. Земјата Македонија буквално да ја поседуваат Македонците, не српските колонисти, не азиските бугараши, најмалку грчките андарти.

3) Со добра мисла и со Господ напред! Значи постојан позитивизам и оптимизам, наместо летаргија и резигнација. Вредносен систем базиран на верата на нашите татковци, Библијата и Христовите Беседи. И сѐ што се прави се прави СО ГОСПОД НАПРЕД. Значи не со Ленин, Сталин, Хитлер…едиси кој си.

4) Внатрешна Македонска Револуционерна Организација. Значи внатрешна, не надворешна, не вашингтонска, не бриселска. Револуционерна, со револуционерни методи и техники, не папагалска, повторувачка, прислужничка. Македонска, значи не граЏанска, не глобална, не комунистичка, не фашистичка, традиционална наша. Организација, не имитација, хаос и безредие.

5) Слобода или смрт. Првенствено се бори за Слобода. Слобода од и слобода за…Ако не успее да избори слобода свесно оди во смрт. Не се „прилагодува”, не ја витка кичмата, не чека подобар предлог, не коленичи, нема стокхолмски синдром.

Материјата е многу пообемна, но основите се тие.

Резиме: ВМРО е револуционерна организација со радикални, фундаменталистички идеи. Не е партија, уште помалку граѓанска центар наведувана партија, најмалку „ДЕМОКРАТСКА”, врховистички контролирана партија.

Кој поинаку ќе ви каже, да знаете ве лаже.

P.S.
Вие сами размислете колку од идеите и идеологијата на ВМРО се запазени и негувани во денешната партија ДПМНЕ?

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!