1 СДС има задача да ги уништи Македонија и Македонците

2 ДПНЕ има задача да го држи народот мирен, односно да му ги држи рацете додека го уништуваат

3 За точка 1 не треба многу да му се објаснува на народот, но накратко нивната влада е наметната со помош на странска непријателска сила, помогната од домашен непријателски фактор, го менува името на државата, ги брише идентитетот и историјата, следува целосна албанизација како засилување на етничкото чистење со помош на мигрантите што планираат да ги населат, а за кои усаид имаат спремено план и логистика. Да се потсетиме дека тивко етничко чистење постои во етнички мешаните средини. Но ова што го планираат е на целата територија. Ова е планот на сдс.

4 За жал се покажа дека дпне е формирана да го залаже народот дека постои организација, во овој историски контекст партија, која ќе го штити во тешките моменти. Сега е многу тежок период за македонскиот народ и гледаме дека дпне наместо да го штити народот, тие соработуваат со сдс во колежот. Значи дпне не го штити народот. И дури одат до таму да со помош на сдс ги пасивизираат па и уништуваат патриотите.

5 Приказна е дека со кандидатурата на претседателски кандидат и евентуалниот негов избор, па после тоа и предвремени парламентарни избори, ќе ги заштитат интересите на народот. Докажано е дека во досегашниот 30 годишен „демократски“ живот во Македонија претседателските избори ги „добива“ партијата која ги има премиерот и министрите, односно државните ресурси за „демократско“ убедување на народот. Дпне ова добро го знае, но сепак го лаже народот дека нивниот кандидат ќе победи. Значи работат во интерес на сдс за обезбедување на цензус кој нивниот кандидат нема шанса да го обезбеди поради катастрофата што ја прават во Македонија.

6 Дпне само го лаже своето членство (дел патриоти, дел голи кариеристи и профитери) дека брзо ќе има предвремени парламентарни. Власта е слатка за членството, вработувања, унапредувања, тендери, проекти, привилегии и шверц. Ова е мобилизациската енергија на партиската машинерија, а не претседателските избори, тие ништо не носат. Но сето ова е само лага. Ако дпне сакаше да остане на власт, немаше да седне во Пржино и да ја отстапи на сдс. Понатаму ако сакаа предвремени парламентарни, со антивладиното расположение кај народот во изминатите две години, можеа и сеуште можат да ги издејствуваат кога и да посакаат. Значи дпне не сакаат да бидат на власт, од за нив само разбирливи причини.

7 Кандидатот, односно кандидатката, за претседател од дпне е со крајно сомнително идеолошко и политичко минато но и иднина, судејќи по предизборната реторика. Па не знам како членството на дпне сеуште веруваат дека предизборно одработуваат за нивен кандидат. Ова важи за патриотскиот дел од членството, за оние со кариеристичко-профитерска орентација е сеедно. Како се однесува еден таков претседател и колку може и сака да стори за народот и државата гледаме сега. Имено на времето и сегачниот претседател одработуваше за сорос. За актуелната кандидатка во прилог оди и фактот што пред 3 години активно учествуваше во рушењето на владата на партијата која сега ја кандидира, што е невиден апсурд.

8 Дпне го лаже своето членство, но и народот дека ако нема цензус, претседател ќе се избере во собранието. Прво за тоа треба промена на Уставот, а за тоа е потребно двотретинско мнозинство. Владеачката коалиција не може да го обезбеди без пратениците на дпне, вклучително и оние 8 предавници за кои мицко изјави дека ги гледа како свои, впрочем тие биле само позајмени. Значи ова би било условено од дпне, а не од желбата на сдс.

9 Да претпоставиме дека сум згрешил за точките 5, 6 и 7 и дпне добие свој претседател на државата. Лага е дека ќе ги штити интересите на народот, бидејќи ако како што велат имаат двотретинско за промена на Устав, тогаш имаат и за импичмент и ќе го решат по брза постапка. Значи евентуалниот претседател од дпне не може да го заштити народот од геноцидната политика на сдс.

10 Доколку дпне со сигурност сака предвремени парламентарни, тогаш најбрзиот и најсигурен пат е да ги бојкотираат претседателските избори. Во точка 5 видовме дека од 30 годишното искуство шансите да добијат се скоро никакви, па со бојкотот би ја отстраниле можноста да се избере претседател од сдс и воедно би добиле можност заедно со новите претседателски и предвремени парламентарни да ги добијат заедно.

11 Точката 10 би била реална доколку дпне би објавиле дека не ги признаваат штетните нелегитимни договори и дека ја почитуваат одлуката на Македонскиот народ на Референдумот од Септември лани, односно да ја почитуваат волјата на народот дека не го прифаќа преспанскиот договор, не сака во фашистичка ЕУ ниту во злосторнички НАТО.

12 Имајќи во предвид дека дпне не превзема ништо во прилог на нивно побрзо освојување на власта, останува логична констатацијата на народот дека тие учествуваат во трагедијата што не е театар туку реалност, само поради цензус, односно се верни соработници на окупаторсаката наметната управа организирана од сдс.

13 Регуларноста на изборите е приказна без крај. Полнењето на кутии од референдумот сеуште нема правна разрешница, ниту пак некој инсистира на тоа, а уште помалку т.н. опозициона дпне регуларноста ја става како услов. Веројатно им годи тоа што за референдумот се полнеа кутиите. Голема благодарност на свеста на Македонците храбро и одлучно да бојкотираат, со што извојуваа клучна битка врз окупаторската испостава сдс-дпне.

14 Дури и првиот круг, за кој сеуште тврдат дека дека поминал скадинавски, само ја збогати фалсификаторската изборна приказна без крај. Експресно се казнети неколку избирачки одбори, но заради прекршувањето на изборните правила, туку поради неспособноста да се координираат групите што ја полнеле кутијата и онаа што фалсификувала потписи во избирачкиот список. Вакви случаи се повеќе, а колку се оние што знаеле да собираат и одземаат, па ги усогласиле броевите барем во записниците.

15 Бугарскиот, сега веќе и експресен воз, додека го пишувам текстот, се потврди во Кичево. Креативци многу, приказната продолжува.

16 Официјалната излезност од 40%, со овие факти веднаш се става под сомнеж, и се повеќе е веројатна екстремно малата поддршка за актуелните политички елити. Реалната излезеност е некаде во границите од 20-30%, колку е точно знаат само тесните мафијашко партиски кругови во сдс-дпне кои ја воделе операцијата со изборниот фалсификат.

17 Висок функционер на сдс изјави дека овие избори се референдум за преспанскиот договор

18 Имајќи ги во предвид погоре опишаните бисери од македонскиот „демократски“ ѓердан, можеме да констатираме дека овие претседателски иизбори можат да бидат се друго, освен избор на претседател.

19 Со ова се потврдува одлуката на свесниот македонски народ да ги бојкотира овие т.н. избори, но истовремено и се мотивираат партиските членови, кои сеуште имаат грам совест во себе, да се приклучат на чесниот народ, и сите заедно да ја бојкотираме оваа фарса која сдс-дпне се обидуваат да ни ја претстават како претседателски избори.

20 Овој бојкот ќе биде втората добиена битка на македонскиот народ против својот 30 годишен окупатор, кој духовно не обезличи и економски не уништи, битка која нема да биде конечна победа, но ќе не однесе многу блиску до посакуваната слобода.

Боби Ѓорѓиевски, член на Иницијативниот одбор на Родина