You are currently viewing МАКЕДОНСКА РОДОЉУБИВА ПЛАТФОРМА

На втората седница на Централниот одбор на Родина Македонија одржана на 13.1.2024 година, ја донесовме македонската родољубива платформа чии цели се поставување на насоките на Родина Македонија за поддршка на независните претседателски кандидати на претстојните претседателски избори и изградба на основа за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. Нашиот мотив е активирање на целиот родољубив потенцијал на поединците, организациите, движењата, партиите со цел создавање на вистинска понуда во македонскиот политичкиот простор, за враќање на Македонија.

Содржината на платформата:

Поради повеќедецениското непостоење на национална стратегија за зачувување и јакнење на македонизмот во секој еден од нас, одродените идеологии и стратешки добро подготвени системи од надвор секојдневно ја нагризуваат суштината на нашето општество и начин на живеење. Идеологии кои ги негираат природните закони и човековиот Создател, ги напаѓаат традиционалните вредности и семејството, манипулираат со децата, жените, го девалвираат чесниот труд на човекот. Сето ова е спротивно на нашите МАКЕДОНСКИ идеали.


Се подигнавме во време кога беше најтемно, против насилната промена на име, против тирански платформи и бугарски договори, против пландемиите и присилните затварања и вакцинирања, против трансродовите идеологии кои сѐ повеќе ги допираат нашите деца.


Членовите на Родина Македонија не мируваа, не молчеа, туку активно ја говореа вистината и застанаа во одбрана на народот. Неколкумина завршија и на Кривичен суд.


РОДИНА МАКЕДОНИЈА денес упатува:


ЈАВЕН ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ОРГАНИЗАЦИИТЕ, ДВИЖЕЊАТА, ПАРТИИТЕ И
ПОЕДИНЦИТЕ
,


Придружете се, да бидеме заедно дел од Македонската родољубива платформа за суштински промени и ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.


Тргнувајќи од суштината на демократијата, дека политиката треба да биде во служба на
народот, ги поставуваме основните постулати на Платформата:

  1. Почитување на двата референдуми од 8 Септември 1991 година за суверена и
    независна Македонија и 30 Септември 2018 година – „Не“ за промена на име, „Не“
    во ЕУ, „Не“ во НАТО, како задолжителни
  2. Враќање на името Република Македонија и известување на Обединетите Нации за
    нашето име Република Македонија
  3. Создавање алтернатива на понижувачкиот евроатлантски пат, соработка на
    Македонија со БРИКС, ШОС, Патот на Свилата и други организации каде
    Македонија и Македонците ќе бидат почитувани
  4. Демократизација на Македонија со воведување на една изборна единица,
    отворени изборни листи и можност за оптовикување на пратеник, но и други
    мерки кои ќе овозможат народот вистински да ја искаже својата волја, а не да биде
    само украс на демократијата. Пратениците во Собранието предложени од оваа
    платформа треба да се без негативен багаж, туку личности кои поседуваат морален
    кредибилитет и кои ќе служат исклучиво на народните интереси
  5. Закон подеднаков за сите и елиминирање на неказнивоста за тешки кривични дела
    и криминал, посебно на поединци блиски на владеачките гарнитури
  6. Рамноправна распределба на капиталот и општите добра и воспоставување на
    социјален баланс за достоинствен живот за сите
  7. Заштита на природата, водите, воздухот со строга македонска регулатива
  8. Укинување на агенциите, како корпорациски испостави и враќање на ингеренциите
    на Министерствата
  9. Создавање на услови за враќање на Македонците во својата татковина и
    државјанства за секој Македонец по род и самоопределба
  10. Заштита на македонскиот традиционален начин на живот, со заштита на
    традиционалното семејство
  11. Право на избор при секоја медицинска интервенција, вклучително и вакцинацијата
  12. Зголемување на ефикасноста и намалување на трошоци на државната и
    општинската администрација и поттикнување на развојот на приватниот сектор
  13. Реафирмација на употребата на македонскиот јазик и кирилското писмо на
    територија на цела Македонија

Овие 13 точки нека бидат само почетна основа за градење на македонскиот општествен консензус за една поинаква Македонија, која заеднички ќе ја реализираме преку Македонската родољубива платформа