МАКЕДОНСКОТО СОНЧЕВО ВОСТАНИЕ ПРОДОЛЖУВА
Браќа и сестри и сите пријатели на Македонскиот народ,
Ги вложуваме и уште повеќе без штедење ќе ги вложиме сите свои сили, за со секој збор, со секое дејство, со секој здив да се избориме за целосната слобода – за Македонија на Македонците.
За секој честит, достоинствен Македонец, но и за секој македонски граѓанин кој ја почитува Македонија, нема друг излез, нема друго решение, освен отфрлање на наметнатата предавничко-окупаторска власт. Ослободување од партиско-мафијашките структури и создавање на праведно и напредно македонско општество. За оваа цел да не пропуштаме да ја искористиме секоја прилика и секој потенцијал.
Така, после одбележувањето на 30 Септември – денот на успешното отфрлање на незаконскиот референдум, неизоставно ПРОДОЛЖУВАМЕ со одбележување на 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА БОРБА. ПОВТОРНО ПОВИКУВАМЕ за со масовен јавен собир да ја издигнеме современата македонската национална борба на ново повисоко ниво. Ако на последниот собир иако излеговме во значителен број бевме медиумски маргинализирани, да се собереме во уште поголем број. Да бидеме уште погласни, посложни и поорганизирани. Да ја развиваме силата на СОНЧЕВАТА РЕВОЛУЦИЈА сѐ додека не дојдеме до нивото кога нашите правични барања, со разбирање или со присила, ќе бидат исполнети.
Посебно за овој ден се обраќаме до членовите на ВМРО-ДПМНЕ за заедно да го покажеме нашето неподелено единство. Неопходно е лично учество на оние места каде што битката се води. Мала е користа од позерско присуство на места каде што ништо не се одлучува. Не се достојни за ВМРО оние кои во услови на сѐопшто предавство чекаат партиска дозвола за да ги бранат идеите на ОРГАНИЗАЦИЈАТА. Не се ВМРО оние кои не се чувствуваат доволно засегнати за јавно да излезат да го бранат ликот на најистакнатиот вмровец – ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ.
ВМРО можат да бидат само оние кои ДЕЈСТВЕНО се вложуваат за да го остварат Гоцевиот животен сон. Сонот на сите досегашни вмровски поколенија – слободна и суверена Македонија.
Ние Македонскиот Народ сме ВМРО, а ДПНЕ се разоткри како слуга на странски глобалофашистички интереси. Празникот на ВМРО е празник на Македонците. Амортизаторот ДПНЕ го изгуби тоа право со премолченото исполнување на желбите на Северџанскиот наредбодавец.
Да излеземе заедно и да им кажеме на фашистите од соседството:
НИЕ СМЕ ВМРО!
НИЕ СМЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!
НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА!
А за фашистите кои не почитуваат суверени народи да повториме:
НЕ ЗА ЕУ!
НЕ ЗА НАТО!
НЕ ЗА СЕВЕРНА!
Во продолжение на овој собир за првпат ќе бидат изнесени должносните начела на кои ќе мора да се придржува секој кој сака да се нарекува Македонец.
Ако на последниот собир започнавме со собирање на прилози за неправедно затворените родољуби, на овој собир покрај собирањето на прилозите ќе започнеме и со други организаторски дејства за меѓусебно усогласено делување против колонијалниот окупатор. Окупаторот кој преку неговите домашни прислужници, стопански нѐ ограби, ги погази најсветите македонски национални вредности и ги прекрши основните човекови права.
ПРЕКУ СОНЧЕВАТА РЕВОЛУЦИЈА ПРОДОЛЖУВА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ. ВРЕМЕТО КОМИТСКО, ДОПРВА ДОАЃА.
СЀ ДОДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ БИДЕ ЗАДОВОЛЕН СО СВОИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ, ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ИМА ПОМИРУВАЊЕ.
Заедно со народот, остануваме неуморни:
Движење Преродба
Жени, Мајки, Бранителки
МОС Македонски Обединети Сили
Родина ПП
ТВРДОКОРНИ
Христијанско Братство
Македонија на Македонците!