You are currently viewing МАЈЧИН ЈАЗИК
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува мајчиниот јазик на народите ширум светот, поточно во 178 земји од вкупно 205. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО на 21 февруари 1999 год.

Во 2000 година , овој датум е промовиран како,  Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Огромен процент или околу 6.400 јазици  се сметаат за „Мајчини јазици“,  останатите стотина се сметаат за хибридни или синтетски-есперанто. Официјално не постојат „таткови“ јазици.

И тука голготата над македонскиот јазик станува неподнослива!

Имено многу исчезнати, „мртви јазици” се од оваа група синтетски јазици. Конкретно такви хибридни јазици чија „таткова“ компонента е Македонскиот (прото македонскиот-бригиски/фригиски) се:

Коине јазикот кој е најпознат во светот. Помалку познати се :

Бушитаскиот (Калашки), Ирон (Северно Осетински) Макридов (Таџик)  но и многу се уште живи јазици кои ги говорат помалку од милион  луѓе. Такви се: Хунза (Буруш), Хунза (Сринагар),  Алави (Сиријски-Ашур). Не постои официјален консензус за нивното фактичко потекло, но според недоволно проучени тврдења тие имаат хибридно потекло од локалните народи и многу зборови, изрази од луѓе со „македонска крв“ кои биле  потомци на Античките Македонци, па затоа самите својот јазик го сметаат за комплот на повеќе јазици. Но етнички себе си се сметаат за Македонци.   Од некои  Слависти (прото-слависти) и од Македонците се сметани како дел од македонскиот народ.

Друга група  исчезнати „мајчини јазици“ или јазици во исчезнување се таканаречените дијалекти. Такви се : Шопскиот, Торлачкиот, Казавандали, Горанскиот, Кројанскиот и во последниве дваесетина години Шарпланинско-Косовските говори. Овие јазици од современата лингвистика не се сметаат за јазици, туку за говори и дијалекти, без да биде прецизирано дијалекти на кој јазик?

Болно но сигурно доаѓаме до „нашиот мајчин јазик“, поточно до јазикот на „нашата земја“ или службениот јазик на „вашата земја“. Така официјално е нарекуван  МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК од официјални лица и органи на ЕУ, НАТО, соседните држави и државите на „Колективниот запад“.

Оваа срамна и понижувачка практика стана правило во Република Северна и покрај фактот што Македонскиот јазик е литературен, стандардизиран, меѓународно признат јазик уште пред 78год. Активно го говорат повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот, а втор мајчин јазик е на  677.730 луѓе. Македонскиотјазик официјално се изучува во повеќе од 70 земји, а катедра по Македонистика има во 57 земји ширум светот.

PS

Говорете Македонски, Славјаните ширум светот да ве разберат.

МАКЕДОНИЈА-МАКЕДОНСКИ-МАКЕДОНЦИ

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!