Претседателот на т.н. „опозициона“ партија ДПНЕ, Христијан Мицкоски, вчера остварил средба со новоименуваниот амбасадор во Република Македонија, Мери Брнс. На средбата, освен куртоазно лигавање и коленичење, не прочитавме дека се случило ништо друго кое би било значајно за нашата држава.

Така, претседателот Мисцкоски, ги повтори веќе добро познатите прозападни позиции на ДПНЕ, со што не остава простор за била каква надеж дека оваа партија во своето долгогодишно постоење било што увидела, а уште помалку сфатила, што е тоа што навистина и се случува на Македонија и кој е изворот на целата наша неволја. Со други зборови, од ДПНЕ – никакво очекување за подобрување на состојбите во Македонија!

Мицкоски, понесен од несфатливата радост дека разговара со амбасадор на една земја која е извор, креатор и спроведувач на сите злодејствија во современиот свет, рекол дека „…во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување на стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.“ Нејасно е како тоа Мицкоски смета дека САД ни се стратешки партнери, кога во стварноста се покажува и докажува дека тие не само што не ни се партнер, туку ни се стратешки непријатели! Во напливот на, веројатно, силна егзалтираност, тој го рекол и следното: „за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ”. 

И сега, не може човек, а да не се запраша нешто. Дали Мицкоски, исто како и Заев, го негира исходот од Референдумот, на кој народот преку бојкот го искажа своето (не)расположение за членство во овие две монструозно-фашистички творби? Дали и после толку години и толку поминати американски амбасадори, овој политичар се уште се надева дека САД навистина ќе не поддржат и дека ќе бидат наш стратешки партнер? Зарем претходниците на Мицкоски не ги збореа истите фрази пред поранешните амбасадори Кристофер Хил, Лоренс Батлер…па до последниот добро познат македономразач – Бејли? Исходот од сите тие „дипломатски“ напори беа апсолутна нула. Па, така, не може да стане збор за никакво стратешко партнерство помеѓу Македонија и САД, а уште помалку за негово унапредување, зашто тоа партнерство – едноставно – не постои!

Затоа, на ваквите изветвени стереотипи какви што ги слушаме од исто толку изветвената ДПНЕ, ниту можеме да им веруваме, ниту да очекуваме некаков позитивен исход. Единствено, можеме да му поверуваме на Мицкоски дека тој веќе ја отпочна борбата за власт, а не за доброто на Македонија.  

Бидете член на инцијативата Родина

Пристапница за Родина https://rodina.org.mk/pristapnica/