Пишува Елизабета Чингарова Матевска
Посветено на Гоце Делчев (Ѓорѓи Николов Делчев, (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903)
Во последната изјава, пред неколку дена, на претседателот на македонската страна од историската комисија помеѓу Македонија и Бугарија, не знам по кој пат слушнавме, ‘‘Нема никакво приближуваање во решението за ставовите на ликот на Гоце Делчев!‘‘
Поради непримерниот вазалски однос на македонската страна во историската комисија и покрај тоа што тема на овој напис не е животот и делото за нашиот најголем револуционер, апостол на македонската борба за Слободна Македонија, но тие експлицитно јавно ја распродаваат историјата на Македонскиот народ и си поигруваат со ликот и делата на многу историски личности, посебно со ликот и делото на Гоце Делчев, кој катадневно го ставаат на маса за черечење. Поради тоа, овој текст му ГО ПОСВЕТУВАМ ТОКМУ НЕМУ, НА НАШИОТ ГОЦЕ! Давам елабориран пример, како треба да функционира една историска комисија!
Во стартот на активирањето на тн Македонско-Бугарски ‘‘добрососедски договор за пријателство и соработка‘‘, акцентот на моделот по кој би се водел дијалогот на комисиjaта по историски прашањa беше посочен Француско-Германскиот модел на работа како урнек. Но следејќи ја работа на македонско-бугарската историска комисија од тој модел нема ни минимум доследност. Напротив сведоци сме на невидено непримерен притисок од страна и на историската комисија од Бугарска страна, посебно на недоличното однесување на бугарската власт преку транспарентно понижувачко однесување кон македонскиот народ и држава. Но и на, попусливост и колебливост од македонската страна, како од комисијата, посебно од власта и тн помагачи, непримерни и неприфатливи ликови, екс премиери, длабоко навлезени во непримерни и криминални делувања.
Темата е премногу обемна и има безбројни материјали од кои во целост може да се проследи активниот процес на француско-германската историска комисија, од периодот на договарање се‘ до реализација на договореното на фер базен систем, без уцени и омаловажување. Но со потенцирано респектирање, уважување на партнерот, признавање на историските факти, пред кои и боговите молчат, се‘ со цел на взаемен продукт кој ќе допринесе кон повисоки цели, на мир, почит, соработка, заедништво.
Тука се заблагодарувам на наша Македонка иселеничка во Франција, активен професор по историја, која ми посочи повеќе сајтови, но и ми го предочи системот на работа во Франција и начинот на предавања и учебници според кои вршат настава.
Пред СЕ‘, според сите извори како ЗАКЛУЧОК, ќе нагласам дека фрнцуско-германската комисија, во врска со историските факти, но и во начинот на изучувањето на историјата во многу работи не се согласиле. Но факт е дека германската страна во целост си ја признала и прифатила историската вистина те нејзината негативна страна во повеќе војни, посебно во Втората светска војна.
Токму тука, како пример, сликовито ќе објаснам како изгледа едно поглавје, ‘‘Германците се соочуваат со своето минато.‘‘ Во кое се преставени четиринаесет пишани извори (пет француски, шест германски, останатите се од други извори). Две петини е текстуален дел а останатите делови се приказ од документи и историска картографија.
Ќе се потрудам да ја изнесам целата тематика во најкратки експлицитни црти. Можеби за многумина овој текст ќе биде тривијален и непотребен, но останувам на мислењето дека е многу битно да се согледа еден огромен проект на двете држави кои и покрај дадениот сериозен научен пристап, на финишот, понатаму во понатамошната експлоатација на прирачниците останува самостоен избор и на државната програма но и на интегритетот на наставниците. Фактички прирачникот е факултативен и само мал број на наставници го користи.
Во врска со нашиов случај има еден интересен напис, стручна анализа,
https://journals.openedition.org/anatoli/398?lang=en

La coopération franco-allemande en matière de manuels scolaires d’histoire : un exemple pour les Balkans ?
Француско-германска соработка во учебниците по историја: пример за Балканот?
Во кој под 8/5 е нагласено-
Les « Recommandations », comme leur nom l’indique, ne prétendent pas être des directives mais des souhaits d’aménagement pédagogique que, du point de vue scientifique, la Commission formule à l’attention des auteurs de manuels, des directeurs de collections et des éditeurs pour leurs rééditions ou nouvelles éditions. Ceux-ci sont ainsi les destinataires de cette « information » tout comme les autorités administratives qui gèrent l’enseignement de l’histoire et, dans le cadre franco-allemand, les instances appropriées de la Grande Commission franco-allemande
‘‘Препораките‘‘, како што сугерира нивното име, не тврдат дека се упатства, туку желби за развој на образованието, од научна гледна точка. Комисијата ги формулира за внимание на авторите на учебници, директориуми на збирки и други нови изданија. Така, тие се приматели на оваа „информација“, како и административните органи кои управуваат со наставата по историја и во рамките на француско-германските рамки, соодветните тела на Француско-Германската голема комисија.
КРАТОК ИСТОРИЈАТ
Разговорите биле активни неколку години и најважно од сѐ, едната страна не ја условувала другата за било што. Односно едната страна не била уценувана туку настапувале како партнери. Затоа и пишуваат “од непријатели до партнери”. Нешто што во нашиот случај е далеку од оваа ситуација.
Битно е да се нагласи дека интересот за состанување и соработката на француските и германските историчари започнува некаде од 1928 година во Осло, на меѓународен конгрес на историски науки. За да како резултат на таа средба се создаде француско-германска мешана комисија во Париз во 1935 година. Продолжението на историските комисии е од 1950 до 1967година, со пауза до 1981 год кога е обновен дијалогот, за да од јануари 2003 год влезе во почетна сериозна завршана фаза.
Имено на 23 јануари 2003 година, по повод 40-годишнината од Елисејскиот договор, француско-германскиот младински парламент им предложил на федералниот канцелар Герхард Шредер и претседателот Жак Ширак изработка на француско-германски прирачник за историја во три тома со идентична содржина за двете земји, со цел да се продлабочи меѓусебното разбирање. За време на Француско-Германскиот совет на министри што се одржал во Париз на 13.05.2004 година, двете страни ја потврдиле заедничката желба овој проект да се оствари, ги прецизирале модалитетите на реализација и му го довериле изготвувањето на тротомен учебник на Француско-Германска управувачка група. Од германска страна на тимот составен од Институтот Георг Екерт, а од француска страна, Генералниот инспекторат за историја составил нов тим, предводен од наставник кој веќе бил автор на учебници, г-дин Ле Квинтрек.
Така започнала француско-германската соработка за компаративна студија на учебници по историја (и географија, затоа што, во Франција, оваа дисциплина се учи заедно со историјата) за употреба во колеџи и средни училишта во двете земји за потребите во последните три образовни години, од 2003-2009 година.
Од француска страна, работите започнале релативно едноставно, органот надлежен за досието бил, Министерството за национално образование (поточно Генералниот инспекторат за историја и Дирекцијата за меѓународни односи и соработка) со поддршка на Министерството за надворешни работи. Исто така и во Германија биле вклучени, Генерален инспекторат, Министерство за образование на покраините, Министерството за надворешни работи, Постојана конференција на министри за образование . Но бидејќи Германија е федерална земја и образовните работи спаѓаат во надлежност на 16 автономни покраини (Länder), прво требало да се склучи договор помеѓу нив.
Откако се стекнале овие предуслови, двете страни одлучиле да формираат заеднички управен комитет одговорен за изготвување на спецификациите за идниот прирачник и следење на нивната имплементација. Овој комитет од скоро дваесет луѓе обединувал историчари од двете земји кои се добри експерти во историјата и образованието на сопствената но и на соседната земја, претставници на образовните институции.
Управувачкиот комитет ги дефинирал осумнаесетте поглавја кои треба подеднакво да се поделат на трите тома од прирачникот, од „Античките основи на европската историја“ до „Германците и Французите од 1945 година“). За секое од овие поглавја е напишано резиме на една страница во кое се специфицирани нејзината содржина и прашања.
Првиот прирачник е закажан за објавување во 2008 година. Следниот чекор бил повикот за изразување интерес кон француските и германските училишни издавачки куќи: од самиот почеток, всушност, било очигледно дека таквиот прирачник може да го изработуваат само искусни автори и професионални уредници кои работат во тандем и со целосна одговорност, предмети што тие се обврзуваат да ги следат спецификациите и да го објавуваат прирачникот во двете земји на ист датум, со исти текстови и исти илустрации. Уредничкиот тим што ја добил одлуката ги обединува издавачите Нејтан и Клет, и двајцата заземаат видно место во светот на француското и германското училишно издаваштво.
Многу битно е да се нагласи дека во предвид се земени многу битни аспекта на наставата во двете земји.
Првиот елемент на разликата лежи во дисциплинските споеви, во Франција историјата и географијата се структурно поврзани, и последователното изобилството на мапи и пошироко значењето дадено во истражувањето на вселената како историска категорија. Додека во Германија историјата е многу поблиску поврзана со филозофијата, германистиката или општествените и политичките науки, а оттука, од германска страна, се посветува многу поголемо внимание на поимите и терминологијата, на концептите и теориите, историографијата и рефлексивноста.
Вториот елемент на разликата лежи во наставните практики. Во Франција приоритет останува пренесувањето на знаењето на учениците, при што главната улога му се припишува на наставникот во така наречение сеанси. Во Германија поважно место и се дава на личната или групната работа, како дискусија. Кон ова е додаден и контрастот помеѓу Франција во која постои национална програма што е обврзувачка за секого и служи како основа. А во Германија, секоја земја има свои специфични програми, каде што улогата на директориумот на програмата е помал.
Трет елемент на разликата лежи во процедурите за признавање на учебници. Додека во Франција е доволно учебникот експлицитно да се повикува на важечките програми и да ги презентира на отворањето, наспроти Германија каде што секоја германска покраина има своја постапка за акредитација. Оттука, и големите проблеми со распоредот со кој се соочиле на крајот од реализацијата. Така да францускиот прирачник бил подготвен за печатење, а на германски прирачник му биле потребни уште неколку недели за иста постапка. Која секако била исто така исклучително брза (бидејќи за прв пат во историјата на Германија истиот прирачник добил одобрение од шеснаесет покраини), да биде овластен за да се испечати.
Четврто, последната разлика лежи во начините на презентирање и пишување на историјата. Посебно што во Германија историјата се ‘‘искажува јасно и гласно‘‘, ја потврдува својата научност (се дефинира како Geschichtswissenschaft), дека таа се заснова на моделот на универзитетска историја, на академски стил врз база пишани извори и има високи етикополитички амбиции на нејзиното презентирање.
Првиот том ‘‘Терминале‘‘ е издаден во 2006 година ја обработува поновата историја, од 1945 година до денес, посебно за потреба на диплома за Абитур матура (Германија).
Овој прирачник со 336 страници е насловен ‘‘Европа и светот од 1945‘‘, во својата француска верзија, Histoire / Geschichte – ‘‘L’Europe et le monde depuis 1945‘‘ и во германската верзија, Histoire / Geschichte – ‘‘Europa und die Welt seit 1945‘‘.
Вториот том, прирачник, така наречен ‘‘Премиер‘‘, бил објавен во 2008 година, со теми од периодот 1850-1945 година.
Третиот том, објавен во 2009 година, таканаречен ‘‘Секонде‘‘ кој ги опфаќа големите основачки моменти на Европа од антиката до француската револуција.
Секој од томовите, прирачници, постои во две верзии, германска и француска, со идентична содржина и презентација (распоред, корица, авторски текстови, документи, уред за учење итн).
Тие се наменети за ученици на часови во средно училиште во Франција и за ученици во три години гимназија Оберстуфе во Германија.
Трите учебници се однесуваат главно на европската историја, но ги интегрираат најважните теми на светската историја. Предметите се третираат од гледна точка на Германија и Франција. Затоа, ова во никој случај не е книга за француско-германските односи. Тие преовладуваат со периоди кога играле значајна улога во европската историја.
Предност е дадена на документи: иконографија, мапи, историски извори. Изворите се избираат врз основа на нивниот репрезентативен и примерен карактер и со приоритет на германските и француските документи. Некои клучни документи се обработуваат на оригинален јазик со цел да се овозможи директен контакт.
Издавањето на првиот том постигнал голем комерцијален успех љубопитност, интерес кај многу студенти во двете држави. Некои историчари изјавиле дека овој начин на презентирање на историјата е неподнослив и неприфатлив и претставува инструмент на европската пропаганда. Но мора да се акцентира дека француско-германски учебник не е официјален учебник и е еден меѓу многуте кој го користат само мало малцинство студенти во двете земји.
Се поставува реално прашање, дали француско-германското искуство може да се репродуцира?
Француско-германскиот антагонизам е надминат по цена на огромна работа на историската комисија, со цел помирување, да преку заедничката историска меморија се дојде до зближување. Истото убедување го регулира целиот овој процес: учењето на историјата е од суштинско значење во градењето на народните претстави за себе и за другите. Се поставува прашањето дали овој аспект на француско-германското патување може да послужи како пример за балканските нации во потрага по ново разбирање.
Како импакт на француско-германската историска комисија има повеќе обиди но и конкретни реални активности на држави со заедничко историско минато време. Тука само ќе набројам некои.
Уште во 1972 година, на иницијатива на УНЕСКО, била формирана германско-полска историска комисија која го промовирала дијалогот и се обидела да промовира помирување на читањата на конфликтната историја на односите меѓу двете држави.
Институтот Георг Екерт одржал повеќе мисии и состаноци помеѓу историчари на Кореа и Јапонија. Оваа тема е преширока и само ја набројувам, како пример на светската желба за искрена соработка.
Треба исто да се потенцира и желбата за грчко-турското помирување со расчистување на сметките што ги остави историјата првично спроведена во билатерална рамка, за да понатаму ги најде своите најзначајни случувања во мултилатералната балканска рамка помирување во Југо-источна Европа.
Посебно ќе ја истакнам активноста на професорката по историја Кристина Кулури на универзитет во Атина, која јасно ја деконструира методологијата на изучување и презентирање на историјата во минатото но и дава патоказ за идното нејзино презентирање.
‘‘Не смее да стане збор за замена на точна слика на минатото, со слика што е помалку точна, но попријателска кон традиционалните непријатели. Ниту станува збор за замена на неточна слика за минатото непријателски настроена кон другите земји со подеднакво неточна слика за минатото, пријателска кон нив. На кратко, тоа не смее да биде „преуредување на историјата“!
‘‘Посветеноста на вистината е пред сè, но е комбинирана со признание дека иако одредени настани можат да бидат утврдени или отфрлени, тие секогаш ќе бидат простор за разлики во толкувањето на она што всушност се случило. Оттука, за да се научи историскиот метод, мора да се добие почит кон строгоста неопходна за утврдување на вистината и комбинација на сочувство и суптилност што треба да се цени, но и критички да се оценат различните толкувања на настаните.‘‘
Но да се напушти системот, матрицата на грото историски учебници на Балканот,
‘‘Од комплексот на супериорните, наспроти инфериорните и тенденција на виктимизација на некои народи “.