ВИДЕО – Трет дел: Предавање За Основаноста на Програмата Вистинскиот Македонски Пат, Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на  ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА.

По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави. Трет Дел: А како воопшто дојдовме и како свет, човештво и Македонија во ваква безизлезна ситуација – Алчноста на Глобалниот Неолиберализам Причина за Губењето Легитимитет и со тоа за Нивниот Пораз!

Почитувани браќа и сестри. Група патриоти од Македонија и странство се собравме да ја изработиме програмата која ќе одговори на жестоките предизвици каде поразениот неолиберализам под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија.

Ова предавање ја дава рамката за општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски процеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина.

Природни Циклични Геостратешки Тектонски Реструктуирања – 1945, 1991, 2020(21,22)?

Крајот на Втората светска војна беше критичен момент. Во поствоената ера од 1945 беше зацементирана доктрината за биполарен баланс на САД со Советскиот Сојуз која стана доминантна наратива што се одржа со конзистентност четири децении до падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Овој колапс на биполарниот свет во 1991 беше уште еден критичен момент, дебатата за улогата на Америка во оваа “униполарна ера” беше решена во корист на идеологијата на глобалниот неолиберализам или неоконзерватизмот.

Во критичните историски периоди како овој сегашниот кој почна со финанискиот колапс на неолиберaлизмот во 2008, една идеологија победува и ја освојува идеолошката и наративната битка и ја воспоставува насоката на практикување на државната политика. Еден идеолошки поглед за најитните проблеми на ерата станува консензус, а несогласувањата се во рамките на тесните контури на доминантната идеологија.

Сега се Води Битка за Душата и Иднината на Човештвото Глобализмот Против Суверенизмот. Битка меѓу визиите за Национална Држава и Глобална Држава без Нации и Граници.

Зошто Неолиберализмот се Порази Сам Себе си и Што ги Спречува во Поробувањето на Цел Свет?

  • Самата Незаситност за Профит
  • Пренесување на Работните Места од Западниот Свет во ЈугоИсточна Азија
  • Со тоа губењето на компаративната економска конкурентност и Ноу Хау
  • Растење на нееднаквоста во самите западни држави и исчезнување на средната класа
  • И бунтот на сопственото население против нивното економско осиромашување, културно и национално обезличување.
  • Растот на Кина и новите економски џинови во Југоисточна Азија
  • Растот на Русија како политички, енергетски и воен светски лидер
  • Растот на отпорот кон поробување во целиот т.н. трет свет, земји во развој

Со обидот за поробување на цел свет и уништување на нациите и државите Неолибералните Глобалисти го изгубија најглавното, ЛЕГИТИМИТЕТОТ во очите на народите, и туѓите и своите.

  1. Економската битка
  2. Воената Битка
  3. Моралната битка
  4. Идеолошката битка

Недостаток на Легитимитет Причина за Поразот на Неолибералниот Глобализам

Прашањата за легитимност, отчетност, застапеност, транспарентност, ефикасност и ефективност се повеќе се идентификуваат како клучни предизвици за тековните системи на глобално владеење (Mingst & Karns, 2009; Bernstain, 2009; Risse, 2004).

Легитимноста е од најголемо значење за владеење на државно ниво и на ниво на глобални институции, обезбедувајќи го мандатот да се владее и управува, а уште поважно, преку создавање на погодно опкружување за спроведување на правилата преку повеќе доброволно и помалку принудно спроведување, со што се намалуваат трошоците за трансакции што ги прави легитимните системи и прифатени и поефикасни.

Глобализмот ја Ослабува Улогата на Државата – Но Граѓаните и Нациите не Даваат Легитимитет на таквата Де-Државизација

Неолибералниот систем на глобалното владеење континуирано ја ослабува, еродира улогата на државата, нејзиниот мандат и овластувања, преку воведување различни децентрализирани и децентрирани локални, регионални и глобални системи на управување како преоден начин кон целосно глобално меѓународно владеење (Bevir & Richards, 2009).

Kahler (2004) предвидува и понатамошно ограничување на националните влади со помош на т.н. “златната лудачка кошула” на економската меѓузависност.

И додека националните држави веќе отстапија дел од нивниот суверенитет, понатамошниот тек на глобализацијата ќе бидат можен само ако граѓаните, нациите и државите што ги претставуваат, гледаат одговорен, мултилатерален легитимен систем на глобално владеење способен за промовирање на традиционалните, националните, културолошките универзални вредности и во реалност а не сегашното лажно промовирање на различностите.

Најде ли Глобалниот Неолиберлизам Алтернативен Теоретски или Практичен Извор на Легитимитетот? Не!

Поддржувачите на натамошната ерозија на моќта на државите тврдат дека теоријата и практиката покажуваат дека иако постои демократски дефицит на ниво на глобално владеење, легитимитетот сè уште може да се постигне преку добро владеење, ефективност, ефикасност, транспарентни и инклузивни процедури и отчетност на телата од овие организации.

Но само ефективноста и ефикасноста не можат да бидат единствените мерила во дизајнирањето на нови механизми за управување, бидејќи легитимитетот и вклучувањето се еднакво важни од стратешка и политичка перспектива (Reinicke & Deng, 2000).

Нема Алтернатива за Легитимитет Освен Изборниот кој Останува Единствен и Неприкосновен

Сепак, во моментов и во иднина, единствените неприкосновени извори на легитимитет остануваат да бидат граѓаните кои го даваат на владите на државите преку демократски избори.

Легитимитетот на меѓународното право се повеќе се соочува со предизвици во домашните услови во име на демократијата и уставната самоуправа, а фер и доброволното здружување меѓу демократските држави е најверојатниот и веродостоен модел на легитимитет во современото глобално општество кое се карактеризира со тоа што државите ги имаат главните овластувања (Christiano, 2011; Kumm, 2004; Keohane, 2002; Rodrik, 2011; Stiglitz, 2011).

Актерите во Глобалната Битка

Брзината на актуелниот процес на глобализација ги стави во фокусот односите меѓу клучните актери на глобалното владеење, како што се државите, меѓународните организации и недржавните актери.

Хиерархијата во глобалното владеење е дефинирана од континуираната битка меѓу визиите за давање поголеми овластувања на глобалните институции, со што дополнително се нарушува улогата на националната држава и визијата за заштита на улогата на националната држава во рамките на глобалниот систем на управување

Орудијата на Поразениот Нелегитимен Неолиберализам

Кои страдаат од изнаоѓање и теоретски основи за нивниот легитимитет, а исто така не се сметаат за целосно легитимни од граѓаните на државите.

  • Мултинационалните Корпорации
  • Глобалните Комерцијални Банки, Инвестициски Фондови
  • Финансиски Рејтинг Агенции
  • ММФ, Светска Банка,Светска Трговска Организација
  • Медиумите
  • Приватните Монополизирани Социјални Мрежи
  • НАТО и Западните Армии
  • ЦИА и други разузнавачки агенции
  • Институти, Академија
  • Професионални Мрежи
  • Филм, Музика

Орудијата на Суверенистите

Единствената преостаната Мултиратерална Организација ОН, губи секакво значење по нејзиното маргинализирање во војните во Ирак, Србија, Сирија итн

И НАЈВАЖНОТО: НИЕ, СЛОБОДОЛЈУБИВИТЕ НАРОДИ

Зошто тогаш војни, нееднаквост, сиромаштија, миграции, тероризам. Значи нешто не функционира?

Не, во очите на глобалистите си функционира прекрасно. За нив и војните, нееднаквост, сиромаштија, миграции, омраза, тероризам се дел од планот за булдожирање и порамнување на светот, уништување на граници и нации.

Затоа и Длабоката Држава и воведе санкции и води вистински трговски и економски војни со веќе 60% од светското население, Русија, Кина, Турција, Индија, Иран, итн.

Неолиберализмот Веќе Не е Монолитен Одвнатре

Една од нив е дека длабоката држава – неизбраната, постојана влада, која вклучува не само разузнавачката заедница, туку и широк спектар на агенции и институции, како и структурите на дипломатијата, финансиите и геополитика на највисоко ниво – не е веќе монолитна.

Сведоци сме на различни ставови и тивки војни меѓу неолибералите и суверенистите и во самите западни земји, чии влади се носители на глобалниот неолиберализам.

Внатрешната борба е меѓу мирно повлекување на Империјата од силите околу Трамп, и воено завршување на поробувањето од страна на неоконзервативците кои ги контролираат сите глобални инстутиции.

Се Наоѓаме на Пресвртна Точка за Глобализацијата!

Придружете ни се заедно со нашиот народ да ја доградиме и спроведеме нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ согласно народниот интерес за Редржавизација на Македонија и 4-от Илинден Биди дел од иницијативата „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/

Горан Шумкоски меѓународен експерт и член на ИО РОДИНА!

(продолжува).

www.sumkoski.com

https://www.linkedin.com/in/sumkoski/