Последниот бран на поскапувања уште еднаш ни ја покажува безидејноста и бедата на „Нивната земја“, со единствена употребна вредност, воена колонија на САД и НАТО и депонија на нивниот отпад.
Изборот е еден со „бесплатното“ европско здравство на три децениски пат кон ЕУ, со сите можни реформи и западни менаџирања на состојбите, ја донесоа Република Македонија до самата бездна, демографска, економска, социјална, морална.
Алчноста на поединецот, корпорацијата и вечно ненаситна за ресурси западна цивилизација „вешто“ прикриена со театарот на демонкратијата!
Цените на храната, енергенсите во голем дел се последица и од погрешната стратешка поставеност на Република Македонија, која со санкциите кон Русија, си стави јаже околу вратот и се обеси пред очите на НАТО и ЕУ, за да покаже колку сме НАТО и ЕУ!
Нашата заглавеност во западниот лавиринт на понижувања, не присуство на економските и политички форуми, интеграции на Истокот, Евроазија, не направи се помалку Македонци, а се повеќе безлични.
Русија која денес е под целосни санкции на западна заедница, е со цена на бензинот од 0,73 евра, односно 45 денари по литар, давајќи ни пример, дека се може, без западот!
Секој може да го организира своето општество по мерка на својата нација!
Родина Македонија постојано укажува на погрешната поставеност на Република Македонија и последиците од таквата поставеност.
Ние не можеме да ги промениме состојбите, доколку мнозинството од народот е се уште заведен од таа самоубиствена идеологија, „Изборот е еден“ и дреме во умрениот политички систем составен од две коалиции со по дваесетина партии.
Таквото дремење, ни ја донесе состојбата во која денес ја живееме.
За тоа сме виновни сите ние како општество, односно тоа е одраз на нашата незаинтересираност, погрешна поставеност и мотив.
Да создадеме Избор, Република Македонија, Македонци, Македонско, на сите четери страни од светот!
Бидете дел од Родина Македонија