You are currently viewing ВИСТИНОМЕР, ЛАГИТЕ И КОНСТРУКЦИИТЕ НА ЗАПАДНИТЕ ПАРИ И НИВНИТЕ СЛУГИ!

На 27 април 2022 година, некој си „медиумски” „аналитичар” Жарко Трајаноски пишува текст за Родина Македонија, кој ако успеете да го прочитате до крај, ќе видите дека е од истата светска кујна каде се создаваат текстови за сите кои не се дел од западниот светски поредок, или модерно наречен BBB, Build Back Better, со нивниот лидер Џо Бајден. (Здраво Џо).

Текстот е пренесен, замислете од Вистиномер, тој кој кажува што е вистина, а што лага, ама со западни пари и интереси.

Финансиери на Вистиномер

Бидејќи знаеме дека оваква плуканица полна глобален шлајм ретко кој може до крај да ја прочита, ние само ќе издвоиме еден дел, за да ви прикажеме како функционира тој декадентен отчовечен систем.

„Проруската ориентација на „Родина Македонија“ се гледа и во статутот, каде што како цел на членовите меѓу другото, е да се градат блиски односи со словенските земји и Русија, врз основа на припадноста на заедничката словенска култура и цивилизација.“

Точката 6 од програмските цели на Родина Македонија целосно гласи овака:

Соработка за помирен и побезбеден свет со нашите истомисленици, патриотите од Америка, Европските нации, преку братските Словенски народи и Русија, новите регионални и светски сили од Турција, преку Индија и Кина.

Раководејќи се од оваа програмска цел, Родина Македонија испрати јавна поддршка до Доналд Трамп и суверенистички сили во САД, каде направивме паралела со случувањата во САД против тогашниот Претседател Доналд Трамп и Шарената револуција во Македонија, кои имаат ист образец, односно уривање на уставниот поредок преку хибридна војна. (Линк од текстот, https://rodina.org.mk/%d0%b4%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d0%b4-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b4-%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%bf-%d0%b8/)

Истото го направивме и со Шарената, таканаречена Портокалова револуција од Мајдан, Украина, која исто така има ист образец со таа од Македонија и таа против Доналд Трамп.

Тој што го создал текстот добро проценил дека ако ја прикаже целата точка од програмските цели на Родина Македонија му паѓа конструктот, затоа прави ментална ретардација и го издвојува само делот кој му одговара.

Родина Македонија ја има и точката 7 и 8, која не одговара на западните кучиња на војната, која гласи:

7. Балкан како регион на мирот, со слободен проток на луѓе, добра, идеи. Регион со подеднакви права на сите народи.

8. Не во НАТО, Не во ЕУ. Соработка со меѓународни организации само врз принципите на рамноправност и почитување. Повлекување од воените мисии на НАТО и политика на мирољубивост.

Итн, итн…

Вистиномери, Демократија, Слобода, Права, се само параван за „господата“ со најкрвавите раце кои некогаш владееле на оваа планета.

Западниот театар игра на сцена со искинати завеси, сѐ е видливо.

Малите луѓе полни сами себе, со каифче на вратот кои сами го носат кај господарот се последните играчи на сцената.

Родина Македонија ќе издржи пред налетот на домашните одродени анти народни служби, западните службите, ќе го зачува здравото автохтоно македонско семе и ќе го посее низ целата македонска земја.

Сонцето ќе огрее ѝ за нас Македонците!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/