You are currently viewing ВРВОТ НА ТРИ ДЕЦЕНИСКАТА МАКЕДОНСКА СЕРВИЛНА ПОЛИТИКА НИ ДОНЕСЕ ПОРАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ИНДУСТРИЈАТА ОД НАД 200% ВО ОДНОС НА МИНАТОГОДИШНАТА

Изминатиов период, државите кои имаат суверенистички влади, во суштина влади кои пред се го следат интересот на сопствениот народ, а не интересот на глобалните елити, си обезбедија енергија, која е се повеќе дефицитарна, по цени кои се 5 до 10 пати пониски од актуелните, кои ги диктира пазарот.

Македонија имаше уникатна шанса да биде транзитна земја на голем гасовод, кој од Русија преку Турција требаше да стигне во Унгарија и другите западни земји.

Денес ќе имаше 5 пати пониска цена од цената што ја плаќа и плус дополнително нешто над 100 милиони евра профит од транзитот на гасот за трети земји.

Шарената револуција, односно западни агенти, со методи на класична хибридна војна ја урнаа Владата која започна да го напушта патот НАТО и ЕУ нема алтернатива, односно планот на глобалните елити за Нов Светски Поредок.

Што донесе тоа?

Денес македонската индустрија плаќа повисоки сметки за струја од над 200%.

Не треба да се биде голем аналитичар, дека многу погони веќе се затвараат, многу индустрии ќе пропаднат.

Тоа е резултат и на грубото партиско пустошење преку тендер економија на енергетските капацитети и форсирање на приватните пред национални интереси!

Интересно е што токму во овакви моменти, стратешките пријатели и креатори на „С……“ САД и ЕУ, кога треба да помогнат, односно да понудат алтернатива молчат, немаат понуда.

Наместо решение, ние продолжуваме со демагогијата дека САД, НАТО и ЕУ немаат алтернатива и дека македонската нација треба да ја плати цената, која е дел од Климатската Агенда на Англо-саксонските елити, креатори на Новиот Светски Поредок.

Во меѓувреме, односно минатата година, претпријатија блиски на партиите во Владата, знаеле за надоаѓачката енергетска криза и на време се снадбиле со системи за соларна енергија, кои денес се и до 150% поскапи.

За жал оваквата пракса на приватизирана и партизирана држава, каде партијата е над нацијата, македонскиот народ и државата е дел од политиките на политичките елити во изминатите 30 години.

Се поставува прашање, зошто и понатаму народот кој не е член на политичките партии би плаќал даноци на партизираната и приватна држава на Курто$Мурто Цо.?

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/