You are currently viewing ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

Започа постапката за собирање на 10.000 потписи за независниот кандидат за Претседател, проф. Вело Марковски.

Рокот за собирање потписи започнува на 23-ти февруари (петок) и завршува на 8-ми март (петок).

Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Вело Марковски е уште една можност за вистинска демократизација на Република Македонија и заштита на македонските национални интереси.

Проф. Вело Марковски е вистински одговор за предизвиците кои се предизвикани од геополитичките промени, но и од здравствените глобални кризи со пандемиите кои се очекуваат во блиска иднина.

Во суштина, тоа е родољубив чин на секој еден припадник на македонската нација.

Нотари, работно време (8:00-16:30):

📌Андријана Ѓорѓеска, Општина Аеродром, нас. Ново Лисиче. Адреса: Бул. Видео Смилевски Бато бр.22/1-3.

📌Хакија Чоловиќ, Општина Кисела Вода, нас. Драчево. Адреса: Ул. Ниџе Планина бр. 16, пред бензинската пумпа во населба Драчево.

📌Ана Весова, Општина Ѓорче Петров. Адреса: Ѓорче Петров 11, локал 7, во комплексот кај Домот за стари лица.

📌 Ана Јолакоска, Општина Аеродром. Адреса: Бул. Јане Сандански 116 1/1, до кафаната „Налеј“.

📌Богданка Димитровска, Делчево. Адреса: Методија М Брицо бр.17.

За време на собирањето на потписите подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија (ДИК), ќе работат СЕКОЈ ден (значи и ВИКЕНД) во периодот од 23.02 до 8.03, непрекинато во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот и последниот ден, односно 08 март до 24:00 часот.

Ова се локациите на канцелариите на ДИК (некои покриваат повеќе општини):

📌 Подрачно одделение Гевгелија, надлежно за општина Гевгелија, Дојран и општина Богданци

📌 Канцеларија Валандово надлежно за општина Валандово.

📌 Подрачно одделение Кичево, надлежно за општина Кичево.

📌 Канцеларија Македонски Брод надлежно за општина Македонски Брод и Пласница.

📌 Подрачно одделение Кочани, надлежно за општина Кочани, Чешиново – Облешево и општина Зрновци

📌 Канцеларија Виница надлежно за општина Виница.

📌 Подрачно одделение Берово, надлежно за општина Берово и Пехчево

📌 Канцеларија Делчево надлежно за општина Делчево.и Македонска Каменица.

📌 Подрачно одделение Охрид, надлежно за општина Охрид и Дебарца.

📌 Подрачно одделение Струга, надлежно за општина Струга и Вевчани

📌 Канцеларија Дебар надлежно за општина Дебар и Центар Жупа.

📌 Подрачно одделение Струмица, надлежно за општина Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.

📌 Канцеларија Радовиш надлежно за општина Радовиш и Конче.

📌 Подрачно одделение Велес, надлежно за општина Велес , Чашка и Градско.

📌 Канцеларија Кавадарци надлежно за општина Кавадарци и Росоман.

📌 Канцеларија Неготино надлежно за општина Неготино и Демир Капија.

📌 Подрачно одделение Штип, надлежно за општина Штип и Карбинци

📌 Канцеларија Пробиштип надлежно за општина Пробиштип

📌 Канцеларија Свети Николе надлежно за општина Свети Николе и Лозово.

📌 Подрачно одделение Битола, надлежно за општина Битола, Новаци и Могила.

📌 Канцеларија Ресен надлежно за општина Ресен.

📌 Канцеларија Демир Хисар надлежно за општина Демир Хисар.

📌 Подрачно одделение Гостивар, надлежно за општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуша.

📌 Подрачно одделение Куманово, надлежно за општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

📌 Канцеларија Крива Паланка надлежно за општина Крива Паланка и Ранковце.

📌 Канцеларија Кратово надлежно за општина Кратово.

📌 Подрачно одделение Прилеп, надлежно за општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

📌 Канцеларија Крушево надлежно за општина Крушево.

📌 Подрачно одделение Тетово, надлежно за општина Тетово, Теарце, Брвеница, Боговиње, Желино и Јегуновце.

📌 Подрачно одделение Карпош, надлежно за општина Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

📌 Подрачно одделение Центар, надлежно за општина Центар и Аеродром

📌 Подрачно одделение Чаир, надлежно за општина Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево.

📌 Подрачно одделение Гази Баба, надлежно за општина Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден.

📌 Подрачно одделение Кисела Вода, надлежно за општина Кисела Вода, Студеничани, Зелениково и Сопиште.