Во Македонија егзистираат уникатни политички модели кои не се видени во ниту една друга земја. Западните мешетари, олицетворени преку западните амбасадори и нивните служби, оваа територија ја имаат означено како територија на која ќе се реализираат експерименти од различен карактер.
Таков модел е и пржинската влада која се изроди како консензус помеѓу ДПМНЕ и СДСМ, во услови на уривање на уставниот поредок на Република Македонија, кога тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, доби поддршка од служби на „големи“ земји. (види ПМ мерки, средба во Александар Палас, Никола Груевски-Зоран Заев), за уривање на легитимно избраната власт на Никола Груевски.
Уште една деформација на овој веќе унаказен и нефункционален политички систем е поставување на дезертери и терористи на високи позиции.
Талат Џафери, докажан елемент на терористичка организација, на чии раце има крв од македонски бранители, Министер за одбрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Претседател на Собрание избран на скали без потребното мнозинство во време на СДСМ и денес како премиер на пржинската влада на министри од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Да потсетиме, Пржинската влада, како и Преспанскиот договор, се антиуставни категории.
Овој систем кој е олицетворение на отприлика 50:50 владеење во последните 33 години на СДС и ДПМНЕ, ако сакаме да постоиме како Македонци и ако сакаме да започнеме процес на враќање на Македонија, мора да го демонтираме во целост.
Родина Македонија е посветена и ќе успее во мисијата за враќање на Македонија.
Тоа е дело на генерации Македонци низ милениумите, тоа е заветот на нашите предци, тоа е смислата на живеење.
Гласот за новите партии е глас за суштинска промена и враќање на Македонија.
П.с.
На сликата можете да го видите „позитивното“ влијание на секогаш присутните западни мешетари, секако, за доброто на Македонецот, кој денес го нема ниту на личните карти како националност.
Почитувани членови и поддржувачи на Родина Македонија. Родина Македонија е во фаза на пререгистрација! да дадете Изјава за пререгистрација кај еден од нотарите кои се истакната на следната страница.