You are currently viewing ПРИКАЗНА ЗА “ДОБРА” НОЌ

Пишува: Томче Ширков, Претседавач на претседателството на Родина Македонија

Уште не спиеш, пак си заглавил на тик-ток?

Не ми се спие тато, раскажи ми приказна?!

Слушај сине, ако не ме слушаш, ќе дојде “Отворено опшесво” ќе те земе од креветчето, ќе те однесе зад големата вода, на место мрачно, на запад…Таму ќе те кастрираат и ќе те претворат во  Снежан Лупески и до крајот на животот ќе мораш да пишуваш и известуваш за вистина и САМО ВИСТИНА. Ако сепак успееш да избегаш, нема да успееш да се спасиш, ќе се претвориш во стипендист на Цивил или ВОА. Ќе те шпиртосаат, препарираат и така препариран ќе те изложат во музеј за европски вредности. Таму европските граЏани ќе се восхитуваат на еден изумрен стар народ од антиката; И нивните безвредни, вредности. И немој да си мислиш дека ќе си постоиш во музејот и баш те брига што те умртвиле и препарирале?!

Музеите и спомениците во “нашата земја” се оставштина, ретрограден балас на “Антиквизацијата”. Мора да се уништат.
И така еден ден, во музејот ќе дојде џуџенчицата Милан Цароски, ќе те подигне на развоен реверс и ќе те однесе на Маргини(те) на криејтив работилница. Или  на некој Арт фестивал  за експериментална култура и уште по експериментален Родов идентитет….
//////

Затоа легнувај да спиеш, зошто ќе те оставам невакциниран, да те покоси #ПандемијатаШтоКоси.

Do you hate me?
Are you hateing me?

Добра ноќ, драги македончиња.

Напишете коментар