Денешната ратификација за влез во НАТО од страна на македонското окупирано Собрание е уште едно грубо прекршување на волјата на македонскиот народ изразена на референдумот од 30.9.2018 година.
Имено, на тој референдум на кој беа поставени прашања за промена на уставното име и истовремено се бараше согласност за членство во северно атлантската воена организација, не беше исполнет цензусот од 50% +1 од запишаните граѓани во избирачкиот список. Со тоа промената на името, која подоцна нелегално беше изгласана во Собранието и денешниот чин на ратификација за влез во НАТО се НИШТОВНИ и се плод на криминален акт на прекршување на Уставот и законите на Република Македонија.
Родина Македонија ги предупредува пратениците од законодавниот дом дека со овие незаконски акти тие не ја почитуваат волјата на граѓаните, јасно изразена на референдум и дека донесените акти во некое идно време ќе бидат судски санкционирани, а против чинителите на нивното изгласување ќе биде покрената судка постапка за велепредавство.
Родина Македонија ќе покрене постапка за преиспитување на овие договори до највисоките меѓународни судски инстанци, а ќе ги извести и Обединетите Нации, како и поединечно сите амбасади на државите членки на Советот за Безбедност.
Двете најголеми партии во Собранието, СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ треба да знаат дека судот на историјата ќе им го покаже нивното место, а тоа е буништето на историјата, како и тоа дека вечно ќе бидат запаметени како квинслинзи кои одработуваат за туѓи интереси.
Правдата некогаш е спора но секогаш доаѓа да суди.