You are currently viewing РЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНАТА ТЕШКА ЕКОНОМСКА КРИЗА

По повод најавената економска криза, чиј обем Владата се плаши да го соопшти, а која е последица од воведувањето на самоубиствените санкции кон Руската Федерација и кои на подолг рок ќе предизвикаат целосен колапс на македонската економија, енергетскиот сектор, како и комплетното производство на храна кое во голема мерка зависи од увозот на суровини токму од Русија, Родина Македонија ги повикува Владата и Собранието на оставки и формирање на експертска влада (кризен штаб), составен од вистински експерти, независни од партиски влијанија кои ќе имаат за цел полесно справување со надоаѓачката криза.

Исто така повикуваме на итно прекинување на санкциите кон руската федерација и унапредување на политичката и пред се економската соработка со истата, со цел враќање на меѓусебните односи од пред февруари 2022 година.
Новата влада да прогласи воена неутреалност и да спречи понатамошна македонска инволвираност во конфликтот во Украина.
Предлагаме привремената експертска Влада да ја води земјата до пролет 2023-та кога би се одржале слободни и фер парламентарни избори со нов закон за истите, кој ќе ги изедначи сите политички субјекти во медиумските настапи, финансии и можности за нивна рамноправна презентација.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!