You are currently viewing ШТО БАРАЛЕ 26 ВОЕНИ ЛИЦА НА САД ВО АРАЧИНОВО ПОЧИТУВАНА АМБАСАДО НА САД!?

Во биографијата на членот на Претставничкиот дом Глен Нај на Википедија, пишива: „Глен Нај беше вработен во Стејт департментот и во Агенцијата на САД за меѓународен развој во Косово, Македонија, Израел, Ирак и Авганистан. За време на конфликтот во Македонија во 2001 година тој ја организираше евакуацијата на бунтовниците Албанци, кои заедно со 26 американски воени лица беа заробени во селото Арачиново.

Американските граѓани беа вработени во МПРИ (воена американска агенција) и спроведуваа обука и консултации за албанските бунтовници“.Aктуелниот член на Претставничкиот дом во САД, демократот Глен Нај, е добитник на награда на честа на Стејт департментот за неговата улога во организирањето на извлекувањето на 26 Американци, воени лица, за време на настаните во Арачиново во јуни 2001 година.САД имаа и сеуште имаат главна улога во обуката на припадниците на УЧК и нивното вооружување за време на конфликтот во Македонија во 2001 година .

Да потсетиме и на нападот на територијата на Република Македонија, во местото Диво Насеље, кумановско, кој дојде токму од територијата на Косово која е под протекторат на САД.Тогашниот Претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, 6 месеци бара и не добива информација од „стратешките партнери“ за оваа терирористичка група.Родина Македонија упатува директно прашање до американската амбасада, каква била улогата на 26 воени лица на САД во терористичкото гнездо во Арачиново, од каде стигаа закани за бомбардирање на главниот град на Република Македонија, Скопје и каква обука е извршена на албанските терористички организации?Родина Македонија има и сведоштва за малтретирање на жители етнички Македонци во Арачиново од страна на албанските терористи, но и од луѓе кои говореле англиски јазик.Дали токму тие 26 лица спроведувале тортура врз невиното македонско население од Арачиново?

Родина Македонија е потполно свесна дека целото понижување на македонскиот народ и Република Македонија, уривање на нејзиниот уставен поредок, како и промена на името доаѓаат од овие центри. Нам ни е целосно јасно и дека промената на името го реализира слична агентура, само со малку изменет профил, која организира шарени револуции по светот.

„Драги“ стратешки гробари на Република Македонија!Не се чудите зошто кредибилитетот на САД во светот и во Македонија е нула!Тоа не е работа на никаква странска пропаганда.Тоа е последица од вашата терористичка политика кон суверените нации и земји!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

https://rodina.org.mk/pristapnica/