Родина Македонија со загриженост ги следи настаните во САД и изразува цврста подршка до братскиот слободољубив Американски народ во неговата борба со заедничкиот глобалофашистички анти-народен непријател.
Македонскиот Народ, го има истото горчливо искуство од нападот на истите тие платенички сили финансирани од Сорос и меѓународната глобалофашистичка мрежа на Дип Стејт, со која сега се соочува и Американскиот Народ.
Истото крваво разрушувачко недемократско сценарио беше применето и против Македонскиот Народ од страна на поразените сили околу Обама и Клинтон, преку тогашниот Американски амбасадор во Македонија Џес Бејли. Амбасадорот Бејли рушеше една суверена нација со пари на американскиот даночен обврзник и со пари на Сорос, со кои спонзорираше исти терористички насилни групи во Македонија како што е вашата Антифа која во моментов ја гори Америка.
За ова свое недемократско однесување на Обама и Клинтон протежето Бејли, играч на меѓународната Длабока Држава против која и вие се борите, имаше и официјално барање за објаснување за своето вмешување во Македонските внатрешни работи од страна на 6 Американски Конгресмени (прилог). Се надеваме дека ова барање на Американскиот Конгрес ќе биде истражено од администрацијата на Претседателот Трамп и ќе биде доведенo до своја правна завршница.
Овој анти-народен пуч во Македонија беше тест за негово сегашно применување и кај вас во САД и во други земји, и кој уверени сме ќе биде поразен и во САД и во Македонија.
Ние, Родина Македонија, во Македонија се бориме против последиците на тој пуч организиран од Македонската терористичка групација околу платеничката Шарена револуција увезена преку Дип Стејт, Канвас, УСАИД и Сорос, и ќе победиме, и ќе ги укинеме сите последици од него и ќе ја вратиме Република Македонија во уставните рамки пред пучот од 27ми Април 2017, како суверена држава на Македонскиот Народ.
Родина Македонија го поздравува оправданото означување на Антифа како терористичка организација, и изразуваме увереност дека тој чин ќе и го олесни на администрацијата на Претседателот на САД, Доналд Трамп, справувањето со планираното предизборно крваво сценарио.
Искрени желби до Американскиот Народ за брзо пребродување на кризата и зачувувањето на сегашниот курс за одбрана на суверенитетот и традиционалните вредности. Македонија Вечна!
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“ https://rodina.org.mk/pristapnica/