You are currently viewing РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

Зоран Јованчев, Претседавач со Претседателството на Родина Македонија

Пред некој ден чувме една несреќна изјава, на исто така, еден несреќен Претседател, кој е случајно на тоа место со 0,2% рејтинг и поставен по систем на негативна селекција од страна на евроатланските социјални инжинери за изборни резултати, каде говори за руското влијание. Интересно е што Стево, кој си го нарече народот стока, а по која изјава и си го доби надимакот, говори за руско влијание.

Да анализираме каде го има руското влијание?

Руски медиуми и телевизии во Република Македонија, 0%.

Политички партии во Собранието на Република Македонија кои ја протежираат Русија, 0%.

Руски компании прусутни во Република Македонија, 1%.

Шарени револуции, хибридни војни, изборни инжинеринзи водени од Русија, 0%.

Културни манифестации со руски карактер, 1%.

Број на дипломати на Русија во Р. Македонија 1%.

Итн, итн…

Каде Стево и ред други антидржавници избрани по системот на негативна селекција, видоа руско влијание?

Сите процеси на демакедонизација во последните 200 години се со англосаконски предзнак, раководени од нивните „монархистички“ семејства, кои за волја на вистината беа и во рускиот двор, од кои и самата Русија пострада. Еден Ломоносов за малку ќе завршеше обесен на сред плоштад, обвинуван од германските академици во руската академија на науките, кои беа мнозинство, затоа што ширел ерес, односно говорел дека Русите се древен народ. Каде ли завршија неговите списи со древното руско писмо?

Јас отворено кажувам дека ни е потребно руското влијание во Р. Македонија и се залагам за истото, но на еден културен, цивилизиран достоинствен начин, за разлика од дивиот, американско-каубојски начин и тој на европската вавилонска блудница, со двојни стандарди.

Русија е голема земја, 17.100.000 km2, во споредба со Македонија која е 25.713 км2. Територијално, Македонија нема големо значење за Русија. Културно, духовно, да, огромно. Но и генетски, припаѓаме на истиот РОД, од кој се наРОДија многу СЛавјански наРОДи.

Русите имаат една убава поговорка: „Ние нашите сојузници не ги предаваме!“. Истото не може да се каже за западот, тука пред сѐ мислам на Садам Хусеин, Гадафи, итн…Македонија во критични моменти за Русија, но и за другите неблагодарни славјански народи, направила суштински културни и духовни братски дејствија, за да опстојат и за да ги има.

Кога би имале про-македонско раководство, Русија за Македонија би била природен стратешки братски народ и земја. Но, ние немаме про-македонско раководство уште од времето кога Југославија ги зеде првите пари од западот, а тоа беше веднаш после II светска војна. Со тоа ни дојде и првиот државен удар, елиминирање на првиот Претседател на Владата на Македонија, Методија Андонов-Ченто и прво избраната Влада и инсталирање на послушници на туѓите интереси.

Имавме апсурдна ситуација веднаш после II светска војна, каде борците кои уште од времето на шпанската граѓанска војна се бореа против фашизмот во Шпанија и кои ја донесоа победата на НОБ, беа или ликвидирани или затворени. Над 120.000 Македонци беа следени од тајните служби на Југославија, а и ден денес се следат, случајот Атлантик е пример! Се случи и првата западна интервенција на западните сили врз антифашистичкиот народ и земја, веднаш после II светска војна, бомбардирањето на македонските села и градови во 1948 година, Беломорска Македонија.

Во суштина, Русија, Македонија, Белорусија, Србија, па и Бугарија, Црна Гора, Украина (руско-јазични) имаат ист непријател и се соочуваат со истата закана, бришење од картата на живи народи, организирано од еден ист центар.

Денес во многу изјави на руски амбасадори во Република Македонија, се повторува една нивна државна политика како константа: „Ние со Македонија и Македонците ќе соработуваме онолку, колку што самите Македонци се подготвени“.

За разлика од Русите, американската и западната „цивилизација“, со колтот на чело нѐ натераа да исполниме сѐ од делот на идентитетското бришење на македонскиот народ, бришење на милениумското име на нашата земја, како и позиционирање на македонскиот народ како народ од трет ред во сопствената земја, како и директно учество во воениот конфликт од 2001 и инцидентот кај Диво Насеље.

Не можам, а да не се осврнам и на МПЦ-ОА. Благодарение на руското влијание во православието, МПЦ-ОА го доби она кое го бараше, признавање под нејзиното целосно име. Затоа ги замолувам црковните лица, да покажат малку чувство на благодарност и подостоинствено да се однесуваат кон Русија, рускиот народ и нивните симболи.

Сепак, најголемата православна земја и народ се Руската федерација и рускиот народ. Вековните духовни врски на нашите два народи, се добра основа за плодна соработка помеѓу двете православни славјански братски цркви. Ние се соочуваме со сила која сака не само физички, туку и духовно да нѐ обезличи. Центарот е тој, еден, веќе со милениуми, а ние сме МАкедонци, нѐ личи да ја говориме вистината и да стоиме исправено кога е најтемно и да бидеме заедно како РОД во борбата со таа темнина.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница: https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/