Колумна: Зоран Јованчев, Претседавач на Родина Македонија
Преспанскиот договор е договор без потпис од овластено лице, односно без потписот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со самото тоа, тој е НИШТОВЕН.
Се што се случуваше пред и после него е анго-саксонски инженеринг.
Настаните пред „Преспанскиот договор“, со таканаречената „Шарена револуција“, се со сите елементи на класичен државен удар.
Тука да ги спомнеме и предистражните мерки превземени од судот, каде Зоран Заев, инаку во тоа време лидер на опзицијата ,му се закануваше на актуелниот тогашен премиер Никола Груевски, со надворешни моќни служби, дека треба да ја предаде власта.
Јас во целост се согласувам дека Северна ќе живее и е реалност во евроатланскиот свет, затоа што токму тој генератор на моќ ја напојува.
Само на англосаксонците им е дозволено да го газат меѓународното право, затоа што светот во кој ЖИВЕЕВМЕ, беше под целосно нивно управување.
Скоро сите меѓународни институции функционираат за нивниот интерес и се што направи англосаксонецот во изминатите 200 години, да не одиме подалеку, сите злодела кон народите од светот, поминаа без казна за истите.
Сега тој свет кој е жртва на таа политика се крева.
7 од 8 милијарди сака да живее достоинствено, со својот идентитет, култура, традиција и начин на живеење, не сака повеќе да биде жртва на колонијалните западни сили.
Тоа не е руско влијание, туку е последица на односот на западот кон остатокот од светот.
Оставете го купеното новинарство за лесен кеш и папагалите на англосаконската пропаганда, кои се помалку имаат и публика и значење.
Благодарени на свесни и непокорни Македонци во Македонија, денес веќе постојат политички субјекти кои осцилираат во духот на мултиполарниот, повеќецентричен свет, свет во кој секој ќе живее во општество кое е по мерка на самиот народ.
Колку повеќе Македонците се префрлат од англосаконскиот евроатлански свет на илузијата и привидот, во мултиполарниот, толку побрзо ќе го започнеме процесот на враќање на суверениетот на Република Македонија и на достоинството на македонскиот народ и нација.
Северна е реалност за умрениот едноцентричен западен свет, Република Македонија е реалност за новиот постзападен мултиполарен свет.
Приклучете се!
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија https://t.me/rodina_makedonija
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!