You are currently viewing СИТЕ АЛБАНЦИ ОД „НАШАТА ЗЕМЈА“ КАЈ ЕДИ РАМА ВО ТИРАНА, ВО НИВНАТА ЗЕМЈА!

Интересно е што на овие средби нема претставници на политички партии од други етноси, нема ниту од граѓанските СДС и ДПМНЕ, а ги нема ниту коментарите од медиумските и невладини прозападни душегрижници за етнички баланс, полова застапеност и останати прозападни прикаски за мулти-култи, платени од големиот финансиски колач за медиумско заглупување на народите. За западните амбасади повеќе не говориме, тие се учители на двојните стандарди.

Кој не ја гледа идејата за голема Албанија, без разлика дали ќе ја наречат таа идеја Западен или Отворен Балкан, ќе се разбуди во една историски ненаучена лекција од минатото, во крв, солзи и прогони.

Не е тајна дека албанската емиграција купува куќи, имот сѐ подлабоко на територијата на Македонија за да го реализира веќе зацртаниот проект, карта, кој нема никаква врска ниту со мулти-култи, ниту со граѓанска држава, ниту пак со приказните за ЕУ.

Стерилните и никогаш несозреани „државнички“ СДС и ДПНЕ не најдоа за сходно да ги дефинираат македонските национални црвени линии и да покажат државнички капацитет за одбрана на истите. Не презедоа никаква активност за обединување на македонскиот народ од родината, соседството и иселеништвото.

А што да говориме повеќе, кога со ⅔ заедно стигнаа до промена на име, бришење на идентитет и создавање на граѓанско национален франкештајнски германски хибрид, „Граѓанин на Република Северна Македонија“.

За жал, Балканот не ги научи историските лекции, како што и Европа не ги научи од Втората светска војна.

Родина Македонија апелира до македонскиот народ за ИТНА промена на политичките елити во македонскиот национален табор и носење на субјекти во системот кои ќе имаат државнички капацитет и ќе бидат подготвени за одбрана на македонските национални интереси по било која цена.
Воедно, постојано укажуваме дека сме на прагот на големи геополитички промени кои ќе донесат голема нестабилност во многу региони во светот.

Ние како организација подигната од народот дејствуваме во насока нашата држава да добие вистински суверени претставници на волјата на македонската нација.
Без такви претставници во високите кругови на власта, земјата на македонскиот народ повторно ќе биде предмет на поделби.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!