Се обраќаме до позицијата и опозицијата во урнатиот политички и општествен систем на Република Македонија од страна на „дивата“ нелигитимна Република Северна Македонија, менаџирана од странски служби.Ве потсетуваме на Референдумот од 30 септември 2018 година по прашањето за членство во НАТО со прифаќање на антиуставниот договор од Преспа.Референдумот беше неуспешен и покрај полнењето на кутии, купување на гласови и разните методи на притисоци и уцени што нелегитимната власт ги користеше.
Прашањето гласеше:„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција?”
Резултатите од Референдумот: 609.813 За односно 30% од вкупниот број избирачи, 37.000 против и 19.221 неважечки.
Официјалната изјава на Државната изборна комисија: „Според потврдениот резултат од гласањето на Референдумот 2018, одлуката не е прифатена, бидејќи не гласале повеќе од половина од граѓаните од вкупниот број кои биле на избирачкиот список. Извештајот за резултатите од гласањето на овој рефрендум ќе биде објавен во Службен Весник во рок од 15 дена од денот на одржувањето на референдумот“
Повикуваме на почитување на јасно изразената волја на македонскиот народ преку одлуката да го бојкотира овој неуставен референдум, а посебно прашањето на истиот.
Не се гради иднина и демократија газејќи ја волјата на сопствениот народ, тоа е пат кон тоталитаризам и деструкција.