You are currently viewing НЕ ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ ТРИБУНАЛ ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА НА РУСИЈА!
ЕУ и Русија

Во врска со пристапувањето на Република Македонија кон Иницијативата за формирање на специјален трибунал за злосторствата на Русија во Украина, Родина Македонија го издава следново соопштение до јавноста:

Пристапувањето на Република Македонија кон спомнатата Иницијатива Родина Македонија го оценува како акт на избрзаност и политичко – дипломатска незрелост на актуелната власт. Сметаме дека Република Македонија не претставува никаков чинител ниту, пак, е членка во Европската Унија, па се поставува прашањето во кое својство пристапуваме кон ова непринципиелено иницирање на политичка борба која во ниту еден момент не претставува ниту наша потреба, а ниту сме на кој и да било начин предизвикани за преземање на вакви неразумни и радикални чекори.

Повеќе е од јасно дека Република Македонија треба да биде последната земја која би поддржала формирање на вакво тело, со оглед на искуството кое токму ние го имавме со вакви „судови“ или „трибунали“ за некакви воени злосторства, после наметнатата војна од 2001 година. Треба да се потсетиме на судските процеси во специјално формираните судови за поранешна Југославија во Хаг, водени против македонските бранители, но и на вонправното, вонсистемското наметнување на Специјалното јавно обвинителство, заради расчистување на политичката сцена во државата. И во двата случаи како иницијатор и извршител се јавија токму оние кои денес заговараат некаков специјален трибунал за воени злосторства, но овојпат против Русија. Притоа, за особено неприфатлив, а политички крајно опасен го сметаме фактот дека Република Македонија била единствената држава од т.н. „Западен Балкан“ на состанокот одржан во Лвов –
Украина, по прашањето на спомнатата Иницијатива. Оваа постапка не можеме поинаку да ја оцениме, освен како акт на сервилност и полтронство кон западните милитантни структури и, воопшто, кон западната политика, не водејќи сметка за автентичните македонски интереси.

Непријателството кое Република Македонија со години наназад вештачки го гради против Русија, а врз основа на барања и налози на европските политички структури, политичари и поединци заради нивни интереси, во блиска иднина може скапо да биде платена заради кусогледоста на македонската политичка елита и неразумната безалтернативност. Политичка неписменост и заслепеност е да се ставаме во улога на беззначаен сателит на други држави и интереси, а притоа да не се имаат предвид глобалните промени во меѓународните политички односи и геостратешки прераспоредувања. Во таа смисла, секое залетување како што беше случајот со протерувањето на руските дипломати или наоружувањето на Украина, а сега со Иницијативата за формирање на трибунал против Русија, може да има несогледливи негативни последици како за народот така и за државата.

Родина Македонија не може да влијае во правец на корегирање на веќе преземените чекори за приклучување на државата кон Иницијативата, ниту да влијае во правец на повлекување на дадената поддршка, зашто актуелната власт штетата веќе ја
направи. Но, Родина Македониј укажува и апелира барем во иднина власта да покаже повеќе чувство, тактичност и одговорност при донесување на политичките одлуки и пред себе да ги има македонските, а не интересите на странските западни структури.


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Напишете коментар