Сведоци сме на галопирачка хибридна војна кој меле сѐ македонско пред себе. Почнувајќи од физичкото и душевно здравје на Македонците, па сѐ до економијата и разнебитувањето на родот. А најмногу атрибутите на македонската нација, историја и култура.
Имено, хунтата предводена од неукиот и повеќекратно аболиран-амнестиран криминалец најавува нов пакет смртоносни „Решенија” – измислување нови националности и нивно заведување во Уставот. Станува збор за т.н. „нови националности” од типот: Торбеши, Горанци, Торлаци, Шкрети, Шопи и др. Луѓе кои во суштина се генетски, етнички Македонци. Припадници на македонската нација. Од кога тоа религиската веросиповест стана мерило за националност?
Онаа несреќна и погубна реченица „На оваа територија живее МУЛТИЕТНИЧКИ НАРОД” не беше лапсус. Таа е есенција, сиже од политиките на Хунтата и нејзиното велепредавство кон Македонија и Македонците.
#РодинаМакедонија ги повикува сите Македонци без разлика на својата верска, етничка или статусна припадност да не подлегнуват на овие лукави манипулации на непријателите на сѐ МАКЕДОНСКО и да не учествуваат во криминалната и наместена операција за уништување на македонската нација и унизување на македонскиот народ на ниво на етничка заедница.
*Кажете му НЕ на #етноцидот.
Не учествувајте во наместен, режиран и нелегитимен попис.