You are currently viewing ХИБРИДНА ВОЈНА?!

(Родина Македонија продолжува со следењето на мега аферата ФЗО)

Бесими (МФ): „Очигледен е техничкиот проблем со системот во ФЗО, и тоа е хибридна војна која не се случува само кај нас, следствено на тоа и со исплатата на платите за здравствените работници. Доколку набрзо (зборувам за ден, два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот, па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот“. https://infomax.mk/%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%BC%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BC

Ковачевски (ПВРМ); „Се работи за напад со ransomware. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот со хакерскиот напад во Фондот за здравство бидејќи моментално не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства по различни основи“, (https://telma.com.mk/2023/02/16/it-sistemot-na-fondot-za-zdravstvo-e-osvoen-od-hakeri-koi-baraat-otkup-potvrdi-i-kovachevski/ при што тој открива дека и во МЗШВ пред некое време бил извршен ramsoware напад, но не кажува кои се штетите од тој напад и дали некој понел одговорност ако воопшто за тоа се расправало.

Од друга страна пак, директорката на ФЗО, Магдалена Грашкоска воопшто не се појавува во јавноста, дури и на медиумите им е забранет пристап во просториите на ФЗО. Единствено излезе со кратки соопштенија дека „За проблемот со кој ФЗО се соочува, ФЗО ги користи капацитетите и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност“.

Нагласуваме дека вo извештаите на ДЗР (Државен Завод за ревизија) уште многу одамна на раководството на ФЗО им е укажувано на низа пропусти во врска со IT системот на ФЗО, ама нив мува не ги лазело за тоа. (во третото продолжение ќе излеземе со дел од тој извештај)

Спасовски (МВР) исто така потврдува дека „Во ФЗО се работи за хибриден напад, со којшто напад практично е влезено во нивниот систем. Нашиот Оддел работи интензивно и бараме поддршка од институциите и меѓународните партнери, сѐ со цел да го заштитиме системот колку што е можно. Ова треба да ни покаже една работа што на секој еден од нас мора да ни е јасна, дека практично сите треба да бидеме дел од заштита на тој систем и да посветиме поголемо внимание на сајбер нападите и да се зголеми отпорноста на институциите, бидејќи нереално е да очекуваме една институција да ги штити сите институции и тоа не е наша задача. Секоја институција на својот систем ќе мора да има соодветни заштити“. При оваа изјава се забележува бегање од одговорноста на МВР, бидејќи нереално било да очекуваме една институција да ги штити сите институции и тоа не била нивна задача“. Попатно, напоменуваме дека Спасовски неуспешно се справува со „лажните дојави“ доставувани преку мејл за поставени бомби низ Скопје, поради што населението доживува огромни стресови, а трпат и образовните процеси, трпат бизнисите. Па, како да очекуваме да се справи со еден „хибриден“ напад?

Во ваков случај на дезориентираност и дезорганизираност на институциите и бегање од одговорноста, при што раководствата на институциите се прогласуваат себе си за ненадлежни, фрлаат прашина во очи на јавноста, прогласувајќи ги нападите за „хибридни“ од страна на „Русите“, со што ја прикриваат својата неспособност. За нивниот опстој на власт треба да се заблагодарат на мирниот и неорганизиран народ.

Но цунамито доаѓа. Ве следиме, ви ја земаме мерката, ќе одговарате за вашите дела кои сте ги направиле и кои не сте ги направиле, а сте биле должни да ги направите. Проверете кај вашите господари како поминуваат нивните слуги.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!