Плоштадот на Крива Паланка е плоштад кој е изграден со парите на народот на Крива Паланка и тој како таков е сопственост на народот на Крива Паланка, а не на феудалецот Борјанчо Мицевски.
Родина Македонија е згрозена од талибанските методи на македонска земја со вандализирање на националниот симбол на Македонија и Македонците.
Сето ова во низа се неколку тешки кривични дела, кои идната суверенистичката влада ќе ги процесира судски.
Привремената спогодба на која се повикува феудалниот кмет на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, е спогодба која НЕ Е РАТИФИКУВАНА во грчкиот парламент и истата е НИШТОВНА.
Следствено на тоа, сите обврски кои произлегуваат од таа спогодба се ништовни и ќе бидат вратени во првобитна состојба.
Градоначалниците на Општините мора почесто да погледнуваат во календарите, годината е 2020, феудиализмот и феудалните поседи одамна се минато.
Играта на вашиот претседател на партија СДС со Се или Ништо против македонскиот народ е најпогубната игра која многу други пред него ја започнале и сите до еден ја загубиле од Македонците.