На братскиот руски народ му го честитаме 12 јуни – Денот на Русија, ден во слава на современата руска држава. Македонскиот и руски народ чекореа заедно низ милениумите помагајќи се во духовниот, културен, образовен развој, кои се важен сегмент од подигање на народ со слободарски дух. Во втората светска војна рамо до рамо се боревме против фашистичкиот окупатор и победивме. Денес сме тука, да го продолжиме тој пат и надградиме. Русија е напред на тој пат, штитејќи го семејството од одродничките идеологии, штитејќи ја својата земја од алчните западни елити, давајќи повторно пример, како се сака својата Родина и како се жртвува за истата.
- Post published:јуни 12, 2022
- Post category:Соопштение