„Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глупави?“
Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители, ден на Светите солунски Браќа Кирил и Методиј од Македонија!Македонија е просветителство, Македонија е будителство, Македонија е писменост, добрина, љубов кон својот род и народ!