Родина Македонија е згрозена од сè поизразената темна агенда на Пржинска „влада“ кон православните празници и македонски верници.

Екстремните мерки на карантин и нивна селективна примена само кон верници на православната вера е одлика на оваа анти-македонска, анти-уставна пржинска „влада“ сочинета од пропаднати политички фигури и западни агенти од првиот ден.

Кога во неделата имаше мирен Собир на група Македонци, за само 10 минути пристигнаа десетици возила на македонската полиција која легитимираше, апсеше и сите ги повика на информативен разговор во полиција, вклучително и неколку членови од претседателството на Родина Македонија.

Кога оџа се заканува со џихад на целата земја, тогаш тој може слободно да испарадира од едниот до другиот крај на градот.

Во Чаир навечер се играат фудбалски натпревари за време на полициски час, отворени кафани, а во Ченто градоначалник ветува дека никој нема да биде приведен.

Каква е оваа држава ?

Оваа држава е „Северна“, подигната врз урнатата Република Македонија од хибридната војна организирана од инжинерите на темните служби, во која учество земаа Соросовите војски, заедно со западните невладини шпионски организаци и темните испостави на западните тајни служби, УЧК и бедните домашни политички предавнички елити. Токму овој одговор го дава и одговорот зошто оваа „влада“ има вакви селективни фашизоидни мерки кон Македонците и Православните.

Родина Македонија од првиот ден укажа на штетноста од воведување на карантин за здрави луѓе и затворање на економијата, чии штети денеска се над 2 милијарди евра, со денешна уште полоша состојба од првиот ден на ПЛАНдемијата.

Родина Македонија е добро запознаена и со купување на посмртници со Ковид 19, кои се платени од 300 до 3000 евра и тие случаи во право време ќе бидат процесирани до новиот чесен суд, заедно со лажните тестирања, дијагностирицирања на Ковид 19, како и сите репресивни анти-уставни мерки и криминалот во милијарди евра.

Бог да ги прости нашите починати, вечна им Слава!