Идентитетот наш, на македонскиот народ, е определен од генезата на името Македонија.
Оттука се‘ започнува и се‘ завршува!
И Националниот Идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа, етницитетот, историското минато, културата, територијата.
Затоа и првата работа која ни ја наметна ‘‘меѓународната‘‘ е кон бришење на името на државата, од Лисабонската забрана на употреба на името Македонија, наметнувње на привремена референца, до ‘‘дефинитивна‘‘ промена на името на државата!
Повеќе од дефинирана е причината на сите проблеми кои како темна верига натежнале и секојдневно се нижат врз нас, е понижувачкиот Преспански монструозан договор, со кој ексклузивното право на зборот македонски го доби Грција!
Секако тука се и договорот со Бугарија, Тиранската платформа, Охридскиот договор, кои длабоко навлегуват во идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија како држава.
Кога еден од најголемите изроди на родот свој, наменски е чучнат, на позиција со целна намена, во случајот висок претставник на северна во ОН, никаквецот Фрчко, веднаш има ‘‘резултат‘‘!
Имено, веќе се добиваат цврсти индикации за донесена интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува, наместо терминот ‘‘македонски јазик“, да го употребуваат терминот ‘‘јазикот на Република Cеверна Македонија (РСМ)“.
Ашколсум Фрчко-како што си скроен-таков и ти е кројот-изроднички!
Јасно е, прво интерна употреба на означувањето на официјалниот јазик во РСМ, а потоа официјална за општа употреба. Откако, секако, како и сите предавства и бришења, преќутно ќе мине и оваа гума за идентитетско бришење на СЕ‘ МАКЕДОНСКО!
Јавно, вели Радев, МАКЕДОНИЗМОТ – НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ!
МАКЕДОНИЗМОТ не смее ни во ОН да влезе, иако МАКЕДОНИЗМОТ И АНТИФАШИСТИЧКАТА МАКЕДОНСКА БОРБА Е БАЗА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ОН!
Состојбата е таква, каква што е, реалноста е таа, понижувачка.
НО!
Македонскиот народ и Родина Македонија велиме!
Македонскиот јазик ќе постои додека постојат Македонци!
И еден камен да остане од Светото Македонско тло ќе биде МАКЕДОНСКИ!
Ниту фрчковци ниту црпковци можат да го избришат МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК и македонскиот народ, а најмалку ОН злосторничка секта, која за кратко време, нема да постои во новиот мултиполарен свет!
Обидот за бришење на македонскиот народ, име, јазик, историја, култура, не е од вчера, трае повеќе од 2000 години. Од палењето на Александриската Библиотека, до ден денешен!
Само со самоиницирање, самоопределување, со самосвесно согледување на состојбите, самодејствување,
СЕ‘ ДО ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЗМОТ, врз сите антимакедонисти!