Skip to content Skip to footer

11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Родина Македонија го чевствува и го честита 11-ти Октомври, Ден на востанието на Македонија, на родољубивиот македонски народ и лојалните граѓани. Преточено, народно и поетски опеано, ‘‘ПУКНА ПРВАТА ПУШКА во Прилеп и Куманово‘‘ , како вековен стремеж за борба, слобода, мир.

За жал во предвечерјето на овој национален празник,”Ден на народното востание на македонскиот народ”, од повеќе страни ни пристигнуваат недолични ‘честитки‘ кои во целост го депласираат и го деморализираат значењето на овој светол ден во македонската историја. А воедно и целата антифашистичка ослободителна борба, како продолжение на илинденското востание и неостварениот идеал за сопствена држва на македонскиот народ наспроти, бугарските, германските, италијанските фашистички окупатори и нивните соработници преку акциони комитети, формирање на разни фашистички и националистички организации, организираното воено дејствување на балистите и други, за време на Втората светска војна.

Имено непристојното, безочно, целно уценување од страна на бугарската дипломатија и власт која делува тотално анахроно и мизантропски. Наместо да ја признае неправедноста, да се извини кон македонскиот народ и држава, таа продолжува со крајно непринципиелната, долгогодишна, уценувачка политика наспроти македонската држава, народ, идентиет , историја, јазик. Еве само еден фрагмент од тоа што бара Бугарија, искажано од шефицата на нивната дипломатија. ‘‘…Како што Бугарија ја призна современата политичка реалност, сега е потребно Република С. Македонија да ја признае историската реалност поврзана со процесот на создавање на новиот национален идентитет.‘‘ Исто така и ултимативното барање на премиерот на Бугарија за неодложно, итно решавање на меѓусебните историски факти, со краен рок 10 ноември оваа год како услов за не блокирање на преговорите за влез во ЕУ. (Агенда на сите македонски власти досега и покрај референдумското НЕ, за влез во ЕУ, НАТО и штетните билатерални уценувачки меѓусоседски договори). Уцени, помеѓу кои е и инсистирањето на присвојување на најмаркантната историска личност, Гоце Делчев, своевиден синоним на македонската борба, егземплар на македонската револуционерност, апостол на македонскиот народ за Слободна Македонија.Од друга страна, опоменувањето на Европската Комисија преку млакиот ‘укор‘ кон Бугарската власт, е јасно императивен кон македонската држава, децидно инсистира на добрососедство и наоѓање на заедничко решение помеѓу Македонија и Бугарија преку т.н. ‘‘Објаснувачкиот меморандум‘‘ кон земјите членки на ЕУ. Имено ‘ускладување на историјата‘, односно инсистирање на откажување од македонската страна од сопствената историја, идентитет, јазик!

Зарем СЕТО‘ ова, смислено со крајна деструктивна агенда, кон нас Македонците, Охридски дог, Преспански дог , Бугарски дог, Тирански дог, не е дел од незавршеното црно сценарио за целосно докрајчување на се‘ што има префикс македонско, име, историја, јазик, црква, култура!? Делувањето е во насока на една силна хипокризија, под плаштот на мир и добрососедство, потпомогнати од силните внатрешни опортунистичко клиентелистички политиканти, сами од себе да се откажеме, самоизбришеме, чин, после кој нема враќање!

НИТУ Букурешт не стави крај на длабокиот корен, зароден од Илл, Македон, Каран, Аминта, Филип, Александар, Персеј, Кирил, Методија, Самуил, Карпош, Гоце Делчев…

Митот постои, МИТ-ВИСТИНАТА, длабоко вкоренет во свеста на поединецот, Македонецот, во свеста на поколенијата, преданија вткаени во генот, крвта, песната, поезијата, говорот, традицијата, културата… Народ кој има свој мит, народ кој го негува и велича својот мит, кој го предава на идните генерации, тој народ никогаш не замира, постои за навек.И ако еден мал реликвит, артефакт, како и да го класифицираме, од неколку сантиметри, но ВЕЛИК по своето посведочување, ‘Печатот од Говрлево‘ (6.000 год пне) со кој се втиснува печат, доказ на нашиот искон, ‘‘Сл с Бо см/Сал со Бога сум‘‘, по својата државничка, семантичка, фонетска ,писмовна, говорна, слоговна, социјална, општествена, мисловна, воздуховена потврда, во целост се совпаѓа и потврдува нераскинлив континуитет со нашето денешно актуелно, говорно и пишано, културолошко, традиционално, мисловно изразување, воопшто потврда на нашето исконско битисување! Никој, ама баш никој не може да ни застане на патот и да ни противречи на тоа , КОИ СМЕ, ОД КАДЕ СМЕ, ЗОШТО СМЕ!Ние сме МАКЕДОНЦИ ПО КРВ И МЕСО, ПО МИСЛА И УМ, ПО ДУША И СРЦЕ, ГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, НАШАТА РОДНА МАЈКА МА, МАКЕДОНИЈА!

Нека им е вечна слава на сите кои беспоштедно се бореа за оваа кревка слобода, кои гинеа, кои беа мачени, гонети, прогонувани, тероризирани, палени, горени со напалм бомби, на кои им беа забивани колови во градите, забивани жици во ноктите, на кои им пуштаа струја во вените, на кои им беа сечени главите набивани на кол и носени низ села и градови, кои беа стрелани, кои беа измачувани, на младите Ваташки момчиња мачно убиени…

-КРАТКИ ФАКТИ за почетокот на востанието против бугарскиот, германскиот , италијанскиот фашистички окупатор.Обележуваме 79 год од почетокот на востанието против фашизмот во Македонија со нападот на Прилепскиот партизански одред ‘‘Гоце Делчев‘‘ кој го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. При нападот, партизаните се распределуваат во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората го напаѓа затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација. Во нападот учествуваат 16 партизани. Учесници во нападот се: Трајко Бошкоски – Тарцан, Борка Талески, Благоја Корубин, Мице Козароски, Душко Наумоски, Милан Димоски Коке, Драган Спиркоски Максо, Благоја Спиркоски, Аспарух Јосифоски, Никола Попоски Просветениот, Јонче Јаничот, Перо Крстески, Душан Ристески Кашата и други.

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА!