Делегација на Родина Македонија денеска му оддаде почит на рускиот космонаут Јуриј Гагарин, положувајќи свежо цвеќе пред неговиот споменик.
На 12 април се одбележува Денот на космонаутиката, во чест на историскиот лет на Јуриј Алексеевич Гагарин, првиот човек што патувал во вселената. На овој ден, Советскиот Сојуз успешно го лансираше вселенското летало „Восток 1“, со кое Гагарин ја обиколи Земјата во траење од 108 минути, означувајќи го почетокот на ерата на човечкото истражување на космосот.
Советскиот и рускиот допринос за напредокот на човештвото е огромен!
За жал нашата Влада нема никакво почитување кон оваквите настани, изостана нивното присуство, како и немање на никакви безбедоносни протоколи кога имаме одбележување на настани во организација на руски државни претставници.