You are currently viewing 27 АПРИЛ, ДЕНОТ НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Месеци и години пред тој 27 април 2017 година, Република Македонија се најде во класична хибридна војна, проектирана од западни центри на моќ, со јасна геополитичка цел, влез на оваа територија (нивно ословување) во НАТО.
Затоа 27 април не е изолиран настан и ден, тој е финален чин на сценарио од хибридна војна.
Притоа мора да ја споменеме изјавата на тогашниот Претседател на САД, Барак Обама, за дефинирањето на Балканот и Република Македонија, како линија на огнот.
За жал, Балканот до ден денес гори од одродените античовечни и антивредносни евроатлански инсталации, инаку продолжение на англо-саксонските од 19 и 20 век.
Хибридната војна се одвиваше по книга (by the book), со сите елементи кои ги имаше и во Украина, Србија, Сирија, Либија.
Почнувајќи од невладиниот сектор на Сорос армијата, Антифа и цела низа на лажни невладини организации раководени и финансирани од западни служби, домашната петта колона, како и терористичката компонента, нападот на територијата на Република Македонија, во делот кај Диво Насеље, Куманово, од страна на терористичка група која влезе од протекторатот Косово, инаку под управа на САД.
Во секоја земја, кога се руши уставен поредок, кога насила се инсталира влада од надвор, последиците од тоа дејствие во 99% од случаите се крвопролевање и елиминирање на учесниците во тој државен удар.
Во нашиот случај, нашата племенита македонска душа, само воспитно делуваше, со по некое искубено влакно и малку ќотек за учесниците во државниот удар.
За жал, предавството на институциите и политичките партии беше големо и ситуацијата се преврти. Институциите наместо да го заштитат народот, ги заштитија уривачите на уставниот поредок и евроатланскиот геополитички интерес.
Бедно, сигурно тие институции платата ја земаат од Буџетот на САД, Велика Британија, Франција и Германија ?
Тие што бранеа Устав беа осудени за тероризам, а тие што го рушеа Уставот беа наградени со власт, за да во континуитет ја разградуваат Република Македонија и го бришат македонскиот народ, повторно по книга , како да се убие народ.
Во монтиран судски случај, со лажно сведочење, Уставобранителите беа осудени на 211 години затвор.
Би сакале јавно да се обратиме на засегнатите СДС, како наследници на КПМ (Комунистичката партија на Македонија):
Вие да имавте малку срам, чест и морал, ќе молчевте и ќе си го перевте гревот на вашите предци, затоа што токму вашите татковци и дедовци ликвидираа Македонци по горите и шумите, само затоа што беа за идејата за обединета Македонија. Над 150 000 Македонци се следени од 1946 до денес во „Досие македонски екстремизам“. Вашето продолжено дејствие со досието „Атлантик“, покажува дека не сте престанале со дедовската и татковската политика, на најголеми крвници на македонската национална идеја.
Ние ќе се раѓаме и умираме и ви ветуваме дека ќе се избориме за денот на македонскиот нирнберг, каде на сите ќе ви биде судено за злостор против македонскиот народ и држава.
До нашите браќа Уставобранителите:
Вие сте најсветлиот дел од нашиот народ, пример како се брани народ, земја. Притоа мислиме на вашиот светол мотив, на вашиот исконски гнев на праведникот кога неправдата почнува да господари.
Ние како Родина Македонија може да се заветиме дека ќе ве браниме со Вистината. Во секое наше дејствие, со секој наш ресурс ќе работиме и дејствуваме за ваше ослободување.
27 Април ќе биде државен празник на Суверена Република Македонија, Денот на Уставобранителите.
Денот кога македонскиот народ се судри со глобалната неолиберална елита и нејзините измеќари.
СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!