-Или, европските „вредности“ во пракса
Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија
Поводот за пишувањето на овој текст е последниот Извештај на Европската Унија за напредокот на Македонија во процесот на нашето идно приклучување кон овој конгломерат од девијантни, озлобени, јадосани, криминогени, бирократизирани, неспособни…единки и нивните самоизмислени органи и тела, а богами и на нивните држави и атомизирани единки кои негогаш биле народи. Какви – такви, ама народи. Далеку ми е од паметот да го анализирам овој памфлет, зашто би се вклучил во категоријата на будалетинки кои му придаваат некакво значење на овој нивни „документ“.
Кога даваш премногу, а добиваш премалку, тогаш си жртва. Но, кога даваш премногу, а добиваш спротивен ефект, тогаш од жртва се претвораш во жртвуван. Во случајов, Македонија е жртвувана. Колку само извештаи поминаа досега, па и наметнати војни и постојани закани за наметнување на војна ако не спроведеме европско – американска желба или намера, колку самити, седници, датуми, откажувања, уставни измени, промена на идентитетски обележја, народно име, традиционалното историско македонско знаме, распарчувања на македонската територија со измислени територијални поделби, обезличување на резултатите поврзани со народното искажување на волјата на последниот референдум, понижувања од секаков вид…А, за возврат – извештај за Македонија поднесен од страна на уште еден турист – политикант кој ЕУ го нарекува „известител“. И, толку: останатото веќе 35 години ни е јасно. Јасно, ама кому? Се јави и премиоерот да го осуди гласањето во Европскиот парламент (значи и нему му е јасно што се случува), но тој излив на реалност го гледам повеќе како одржување на „патриотската“ кондиција (патем, одамна заборавена) и за подмачкување на одамна зарибаниот „патриотски“ запчаник. Сепак, сценариото на однесувањето на нашите црпки и оние од „четирите златни букви“ и покрај тоа што им е јасно, од утре пак ќе почнат со самоубствениот поклич: ЕУ – НАТО! Немаме алтернатива, па макар и пропаст!
А, за каква ревија на циркузанти заправо станува збор? Од усвоениот Извештај во Европскиот патламент се исфрлени Македонците, македонскиот јазик и македонскиот идентитет (за што ли одлучувале? За ниви, пашњаци, ливади?). Додуша, претходеа неколку навестувања од губернаторот, односно т.н. известител за Македонија, Томас Вајц, дека треба да очекуваме (повторно) негативен извештај (како божем се надевавме дека ќе биде обратно). Губернаторот, не така одамна ни кажа и тоа дека бил „навивач“ за Бугарија во билатералниот спор (што има да се изненадуваме, па во последната голема војна и луѓето и двете држави си беа сојузници), па се залагаше (јавно!) за донесување на уставните измени, каде што некакво си непознато малцинство во Македонија -Бугарите, требало да бидат вметнати во Уставот. Заправо, според интонацијата – морало! Инаку, без тој чин, немаме светла европска перспектива. И не заборави да ни каже дека тие уставни измени немало да бидат последни. На што ви личи оваа држава во која ова се случува? Мене, искрено, на прчија. Некој си агроном – земјоделец од јодлачка Австрија дојде да суди, мери, крои, прекројува…и тоа каде: во библиска земја Мекаедонија! А, Словенката (Словенка!), пак, Марта Кос, која според европското глумење на некаква си организација олицетворена во ЕУ и нејзини органи, се нарекува комесар за проширување, јасно и недвосмислено ни кажа дека тие бараат од нас уставни измени – „ништо повеќе и ништо помалку“! Заради „обесправените“ Бугари во Македонија, се разбира, и после тоа се ќе било во ред до наредната уцена. Па, ако е тоа така, ако однапред е јасно што мора да биде, зарем не е обична фарса гласањето во Европскиот паламент? Нема што, демократските начела на дело. За волја на вистината, женава не утеши дека македонски идентитет биле и полнетите пиперки, на пример (за ајварот не се изјасни откако Словенија си го присвои како свој производ иако го прави од македонски пиперки). Да и одговорам: нејзе прашањето за национален идентитет можеби е небитна работа и тоа го сфаќам зашто Словенците одамна се веќе изгубени по ова прашање, но Македонија е далеку повеќе, суштински повеќе и суштински различно од она што е и што претставува Словенија.
Зашто ова го пишувам, кога се од ова е јасно, познато, дури (за чудо!) предизвика реакција и кај власта. Го пишувам повеќе како апел до власта, до оние кои не се тоа, до граѓаните, до организациите, до поединците, до Македонците…: доста е веќе Европска Унија, доста е НАТО, доста сите западни сатанистички влијанија! Доста се однесуваме недоветно и „безалтернативно“. Впрочем, Македонија во целата своја историја се движела кон Исток. Тоа треба да ни биде патоказ и сега. Следете ги тековите кои надоаѓаат, следете ги случувањата со Русија, Кина, БРИКС. Следете ги разулавените повици за војна од немоќната, разблуднета и скоро распадната Европа и исто таквата каубојска Америка. Зашто еднаш не покажеме достоинство и не ги следиме нашите интереси? Зошто не се исправиме и да ја кажеме нашата вистина? Дозволуваме измислени Грци со докажано арапско потекло да се прикажуваат во Европскиот парламент како Македонци, а нас да не нарекуваат како „лажни Македонци“! Дозволуваме еден народ, бугарскиот, кој има недефиниран народен и историско – културен идентитет да не присвојува токму заради тоа што нема сопствен идентитет! И ова се случува сред европските „демократски“ институции, каде што безалтернативно итаме. Што уште не ви е јасно? И, до кога?
P.S. Марта Кос ни кажа во Европскиот парламент дека „спроведувањето на реформите е од суштинско значење“! Демек, реформа било ако го смениме Уставот и ги внесеме Бугарите. А, за обратен процес, за Македонците во Бугарија? Е, тоа не ќе може, па нели сме без идентитет, без јазик, значи не постоиме, па како непостоечки немаме што да бараме. Туку, бараните измени биле како за почеток, а после ќе се оди и со други уставни измени како што рече и Вајц, а така навестуваат и бугарските политичари. Стварно баш европски се трансформираме. Онаа единка, Марта Кос, не ни кажа ништо за дваесеттината пресуди донесени во нивните европски институции (на пр. во Судот во Стразбур) во корист на Македонците како обесправени во Бугарија. Нема што, повторно пример на владеењето на правото на дело.
Назад кон Исток!