ЗА ХЕРОСТРАТ, ШЕЌЕРИНСКА И ПРЕСПА
Ќе беше подобро ако не се навикневме од нашите политичари да слушаме глупости. И тоа не само што ги слушаме туку и да присуствуваме на натпревар во кој „натпреварувачите“ се натпреваруваат кој да излезе пред јавноста со поголема глупост. Ова ни се случува секојдневно. А, медиумите, оние кои се највлијателни, отстапуваат место само за ваквите репрезенти на македонската жална стварност. Еве, имавме можност да слушнеме од Радмила Шеќеринска, исто таква брилијантна глупост, според која, односно според нејзе, „За Преспа знаевме само ние дома. Денес за Преспа знае целиот свет. Светот и соседите свртија нов лист, решивме децениски проблем и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО.“ Па, поентира со тоа дека „Покажавме што значи државничко однесување, работевме за сегашноста, но и за иднината на нашите деца, одиме кон…