Нелегитимна власт, насилно променет Устав, нефункционален државен апарат, криминал до гуша. Како да се излезе од бесаќето во кое не втурнаа? Кубурот не го вадиме а изборите ги сметаме за предавство. Македонскиот народ е избркан од територијата на правото, потиснат е на туѓа териротија на која царува беззаконието. Помеѓу народот и неговата посакувана праведна македонска држава се наоѓа фронтовска линија. Од една страна вкопани во ров македонските патриоти, а од другата домашните квислинзи сдс-дпне со сите нивни потрчковци поддржани од криминалната западна елита како окупатор. Мртва борба, ни таму ни ваму. Дали да чекаме засилување во услови кога храната и муницијата се при крај, или да облечеме од окупаторските униформи и да се обидеме да се протнеме преку фронтот зад непријателските линии и да ги нападнеме од зад грб. Вака јас ја разбирам дилемата дали да се учествува на изборите или да се бојкотира. Дали да бидеме диверзанти кои ќе се борат или патриоти кои гладни ќе чекаат.
Избори секако ќе има, а кога, останува да видиме. Но овие парламентарни нема да бидат само обични избори, туку многу повеќе. Овие избори ќе бидат борба помеѓу поробениот народ и робовладетелската криминална политичка елита сдс-дпне. Борба за опстанок на македонскиот народ. Идентитетски, економски и физички опстанок. Борба помеѓу македонската вистина и северџанската лага. Борба помеѓу гладните стомаци и скапите ташни полни со милиони. Борба помеѓу непродадената ланска реколта и плантажите со марихуана. Борба помеѓу голоракиот народ и напудрените скапи костуми.
Во овој текст составен од неколку делови ќе се обидам да го изнесам моето видување за неколку фактори кои ќе имаат влијание на резултатот од овие избори.

1 Меѓународниот фактор од корумпираниот запад во заминување
2 Коалицијата сдс-дпне
3 Помалите сателит партии
4 Големото а мало етничко малцинство
5 Административните зависници од партиска доза од народната мака,
соберена преку даноци
6 Општествено-политичките движења и партии во формирање
7 Македонскиот народ

  1. Меѓународниот фактор од корумпираниот запад во заминување
    На балот на вештерките, што локалните бабароги од сдс го организираа во пресрет на Референдумот 2018 кога продефилираа најголемите евроатлански окултисти, а за кој лошите самовили од дпне не фрлија ниту најмала клетва, иако требаше да ги извадат вмровските вуду кукли од минатиот век, сега пред овие избори сигурно нема да се повтори. Зазорува на светската политичка сцена, а мрачните сили од подземјето отежнато се движат помеѓу зраците на светлината која доаѓа од исток. Лошиот вештер одамна е заминат од замокот на калето, а неговата замена речиси и да не ја гледаме низ ходниците на македонските институции и се помалку е веројатно да се организираат „фармерка ритуали“ со цел подготовка за масовна хипноза на македонскиот народ. Едноставно гладниот стомак од една страна и гласот на внучињата преку скајп линијата од друга страна ја разбија магијата наречена еу/нато интеграции. Ова е пострашно и од војна. Бомби нема, бегалци во туѓина колку сакаш. Барут нема, а насекаде корне на изгорено, се гушиме. Не можат ни со војни да не заплашуваат ниту со етнички дестабилизации, снемува вреќи со пари за низ џамиите, но снемува и на кого да ги делат. Белосветски крвопии се помалку ќе гледаме, а се повеќе народот ќе ги превзема конците во своите раце. Западните дипломати кои до сега даваа несебична поддршка за едната или другата опција од коалицијата сдс-дпне, сега се соочуваат со големи проблеми во своите држави, а некои и со сериозни кривични истраги. Меѓународниот фактор ќе има незначително влијание на овие избори.
  2. Коалицијата сдс-дпне
    Оваа појава на политичката сцена можеби повеќе треба да се разгледува од аспект на кривичното право и крим техниките за хибриден организиран криминал. Оваа триесет годишна коалиција најмалку можеме да ја наречеме политичка, бидејќи освен големите успеси во лажење и крадење, на политички план се нижат само падови и загуби, ама буквално во сите полиња од општествениот живот. Народот ова добро го знае и осеќа и не би пропуштил никакв шанса да расчисти со оваа банда. Доколку не се лажам, народот им ги научи и сите предизборни и изборни финти, нема да им поминат ниту наместени конгреси, ниту кадровски реформи, ниту ситни наводно нови партиички со лидерчиња од кумровачко време и удбашки печат. Од еу/нато лижавчето веќе одамна на сите ни се гади. Дали ќе се дрзнат по возот од соседната држава до која сеуште немаме пруга, методот со екстра брзи гласачи од сарај и арачиново, ќе видиме, но ако тоа се случи тогаш сигурно ќе се создаде ситуација далеку од посакувана за сите нас, чашата одамна е преполнета.
    Мицко кој се разбира досега синхронизирано трепереше во ритамот на нивната диригентска палка, се сочува со голема разединетост во „својата“ партија. Голем дел од членството не го доживува како свој лидер, а неговата политичка конструктивност ја гледаат како непријателска. Мицко веројатно ќе биде единствениот политичар на кој рејтингот почна да му паѓа и пред да се појави на политичката сцена. Премногу грешки, скандали, шурувања со Заев, предавства.
    Заев и сдс, се е јасно, немам зборови, само многу желби и се молам да се остварат.
  3. Помалите сателит партии
    Се појавуваат секогаш пред избори, ги има во разни бои, мали до невидливи по обем, но задолжително се присутни на изборните листи. Премногу збунуваат. Многу често се визуелни двојници на веќе постоечките, слични имиња спротивни идеологии, слични идеолигии лажни алтернативи. Ако малку ги потегнеш, веднаш се забележуваат заеднички корени од финансиска или инфраструктурна природа со коалицијата сдс-дпне или со некој од надворешните им спонзори. Заедничка карактеристика им е што секогаш се со краток рок на траење и веднаш после изборите го менуваат својот облик и боја налик на директорски а поретки и министерски фотељи. Поради своите егзотични идеолошки бои, скоро секогаш привлекуваат по некој љубопитен гласач, но само од корпусот на почетниците и повозрасните, бидејќи поискусните гласачи одма ги препознаваат. Новина овој пат е што климатските политички промени на глобалната сцена како и нивните влијанија во Македонија, но и спецификите на локалната политичка клима, имаат тенденција да измутираат еден од овие минијатурни политички израстоци и да го товат до некоја прифатлива големина со цел да го амортизира страшно големиот пад на рејтингот на сдс-дпне. Но и ова не го поминува народното решето, препознаени се и разголени уште веднаш.
  4. Големото а мало етничко малцинство
    Волку се, толку се, но 25% сигурно не се, оти да беа, до сега 100 вонредни пописи ќе направеа, наместо да го опструираат и тој редовниот. Очигледно е, ја кријат реалната бројка која ние отприлика ја знаеме, околу 10 а максимум 15%, бидејќи ако ја признаат ќе изгубат секакво оправдание за сите колективни права добиени неуставно под притисоци и уцени, а надвор од сите светски стандарди за човекови и малцински права. Но, но кај нас фактичката ситуација, иако илузорна, е таква да со помош на наштимани општински граници и специјално прилагоден изборен модел, ова мало но сепак големо етничко малцинство е сериозен политички фактор, без кој се покажа дека ниту сдс а ниту дпне не можат (читеј не смеат од своите спонзори) да формираат влада. За кого ќе гласа албанскиот политички катализатор на овие избори? Едноставно е, за кого ќе добијат налог од истите тие спонзори, а најверојатно тоа ќе биде за дпне, бидејќи нивна победа на овие избори е клучна за цементирање на северната дивоградба, а тоа секако им одговаа и на малите но големи вечно обесправени припадници на ова малцинство. Но и тие не се така компактни и едногласни како што имаат мислење повеќето од Македонците. И кај нив има многу чесни луѓе за разлика од криминалните албански фаци кои секојдневно маршираат (некои сеуште и со воинствен ритам) преку тв екраните. Познавам албанци кои земаат 10-11000 пензија од која тешко се живее. И нивните внуци се таму далеку во туѓина, а тие осамени помеѓу големите бетонски огради во своите дворови. Сите тие многу добро се сеќаваат како подобро се живеело во систем кој го расипаа сегашните политички криминалци. Пред 15 години ми беше страв ноќе да поминам низ нивно село, сеуште имаше учки, и денеска ми е страв, но од вампири да не ме изедат, цели села се пусти а куќите мрачни како во хорор филм. Народната мака не познава етнички квоти, така што доколку се појави вистинска чесна народна опција, независно од етничкиот предзнак, голема е веројатноста и тие да ги казнат своите преваранти и да гласаат за нешто ново и ветувачко. Звучи неверојатно, но е сосема можно.
  5. Административните зависници од партиска доза од народната мака,
    соберена преку даноци

    Државните јасли отсекогаш претставувале сладок сон за секој просечен човек во Македонија, иако на нив обесени вистински уживаат само најснаодливите упикувачи и мајстори по корупција. Дека е тешко да се живее само од државна плата, оддамна видоа многумина, но останаа да зависат од и да ја чекаат истата само оние немаа друг избор, што поради неспособност, што поради мрзливост. И токму таа зависност ќе биде факторот, како и досега, што ќе ги натера да излезат „административците“ на избори. Но иако навидум оваа категорија граѓани е на различна страна со обичниот народ вработен во приватниот сектор или воопшто невработен, сепак ги делат истите маки кога ќе застанат пред некој шалтер, пред ординација или кога на улица ќе се соочат со некое разбојништво. Се поголемиот амбис во кој паѓа државниот систем, прави големи проблеми кај секој поединец без разлика дали прима плата од даночните обврзници или од реалниот секрор или воопшто не прима од никаде, лошото здрвство, еколошките проблеми, идентитетските распродажби или на пример изборот на учител за своето дете, создаде голем револт кон главните политички актери во овие 30 години. Сето ова создава ситуација во која мнозинството од административците кои ќе мора да излезат, а посебно тие малку поспособните или со посигурни работни места, да гласаат против политичката мафија сдс-дпне, која не само што им го загорчи животот на секое поле и во секој дел од денот, туку тотално ги понижи со носењето на неписмени шефови, па макар и од својата партија или националност. Неспособноста и паразитизмот немаат етничка ниту партиска припадност, а многу иритираат и го комплицираат животот, башка што многу коштаат сите тие партиски и рамковни вработувања. Сето ова создава услови за чесните и работливи админитративци (30-60% од вкупната бројка) да гласаат против сдс-дпне.
  6. Општествено-политичките движења и партии во формирање
    Исконскиот патриотизам и желбата за праведен свет во македонската колективна свест, засилени со окупаторскиот вакум во оваа сфера, на виделина исфрлија многу патриотски организации и поединци. Сите за себе дејствуваат, никој во никого доверба нема. Неколку вековната непријателска активност преку кодошките мрежи на македонското тло ги дава своите резултати. Но инстиктот за преживување кај Македонецот е разбуден, а ситуацијата во која се најде потиснат до работ на провалијата и со ножот под грлото, создаде толкава енергија која не може да се запре. Македонецот трга напред да си го бара своето. Оваа енергија засега најмногу се препознава во партијата во формирање Родина, општествено-политичкото движење Ера трета, но и кај неколку патриотски настроени здруженија и поединци, кои сеуште скенираат каде најдобро би ја канализирале својата прогресивна македонска енергија.
  7. Македонскиот народ
    Иако како термин, се повеќе звучи како извадок од некоја древна убава приказна, имајќи го во предвид хибридниот политички атак за уништување на се што е македонско, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и тоа како ќе биде главниот фактр на следните избори. Како што видовме во претходните делови, сите ветришта сега се од зад грб на народот, времето се разведрува, бурите стивнуваат. Останува само Македонецот да ги крене едрата и насочи кормилото кон својата слобода. Заев со сигурност ќе си потоне со своето сидро.
    Во досегашната 30 годишна плуралистичка историја, македонскиот народ секогаш гласаше против. Инат, прагматизам, глупост или реална проценка, небитно, но како практика е потврдено во континуитет. Во демократското утро на осамостојувањето, народот гласаше против мрачните ноќни комунистички сили, но главата едвај ја разбистри дури неколку години подоцна после болното криминално приватизациско расонување во 1998. Од тогаш наваму сме влезени во еден вртлог во кој народот секогаш без исклучок гласаше против власта, но немајќи избор повторно ги враќаше претходните. Исклучок беа неколку избори во кои и реално немаше опозиција, кога Заев не можеше да го победи Груевски, со оглед на кадровскиот пад на сдс. Против кого ќе гласа сега народот? Иако веќе одамна на големо кружи мислењето дека „сите се исти“, коалицијата сдс-дпне од петни жили се труди да ја одржи илузијата на различност, колку во тоа ќе успеат ќе видиме, бидејќи 30 годишната практика на синхронизирано крадење на народот, меѓусебното несанкционирање, како и заедничката согласност околу изборот на т.н. стратешки партнери, корумпираните и крволочни еу и нато, веќе создаде силна меморија кај народот дека тие се едно исто. Колку во оваа ситуација ќе помогнат новите сателит партии исто така е дискутабилно, бидејќи многу лесно се препознаваат по старата мантра во која го слават заедничкиот спонзор, еу/нато, или по добро препознатливите удбашки фаци со кумровачки свидетелства, но уште повеќе по вештото избегнување на референдумските обврски, односно трите не за еу, нато и промената на името. Имајќи го сето ова во предвид, народот со голема сигурност ќе гласа за нова, различна опција, доколку сериозно истата се појави, или ако биде оставен без избор со кој би гласал против сдс-дпне, тогаш во голема мера ќе се повтори бојкотирачката ситуација од референдумот 2018, што преку неизлегување што преку поништување на гласачкото ливче, после што би имало нестабилна уценета влада со краток рок на траење и огромен вакум простор за нова политичка опција. Независно која и да е варијанта, неспорна е големата желба да се казнат и сдс и дпне за своите грешки и намерни предавства, кои скапо го коштаа македонскиот народ, и материјално и духовно. Но сега веќе не се работи само за казна, туку што понатека? Насушна потреба е на овие избори да победи народна суверенистичка опција која има можност но и обврска да расчисти еднаш засекогаш со криминалот, корупцијата и непочитувањето на законите и уставниот поредок во Република Македонија. Покрај желбата на народот да ги казни дпне и сдс со гласање за нова оргинална опција со луѓе кои прв пат се појавуваат на политичката сцена, потребно е сите разединети мали нови патриотски групации да се обединат и да ја понудат истата. Или една од нив да најде начин во многу кус временски интервал да стане голема и моќна, за што е потребно многу работа и се разбира многу пари. Народна политичка опција која ќе го врати достоинството на Македонецот и детскиот џагор во малите напуштенитени места. Народна политичка опција која ќе го врати достоинството на македонскиот граѓанин и насмевката на лицето на Македонецот. На овие избори народот дефинитивно ќе победи.

Македонија на Македонците!
Затвор за криминалците, среќа за народот!
Никогаш северна, само Македонија!

Боби Ѓорѓиевски, член на ИО-Родина Македонија

Приклучи се во првите 1000 Основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/