Очекуваното Обраќање во Собранието на Доблестниот Пратеник за Спас на Македонија и Нов Почеток!
Колапсот на партиската политика е видлив насекаде. Боде очи и да не сакаш да го видиш. А како може се да тргне на подобро ако само еден од нив да се осмели, да покаже образ, интегритет и совест. И ќе тргне лавината, ќе се разбудат и други. Не се сите од камен, без срце, мозок и чест. Говор кој посакувам некој да има храброст да го одржи. Пратеник и представник на Македонскиот Народ се обраќа во Собранието: Како што стојам денес овде пред вас на говорницава во парламентот, ги гледам лицата на пријателите и колегите со кои работев заедно, се борев заедно, победував и изгубив заедно. Добри мажи и жени од обете страни. Ние и партиите што ги претставувавме со децении се боревме за нашите верувања и се…