Колапсот на партиската политика е видлив насекаде. Боде очи и да не сакаш да го видиш. А како може се да тргне на подобро ако само еден од нив да се осмели, да покаже образ, интегритет и совест. И ќе тргне лавината, ќе се разбудат и други. Не се сите од камен, без срце, мозок и чест.

Говор кој посакувам некој да има храброст да го одржи. Пратеник и представник на Македонскиот Народ се обраќа во Собранието:

Како што стојам денес овде пред вас на говорницава во парламентот, ги гледам лицата на пријателите и колегите со кои работев заедно, се борев заедно, победував и изгубив заедно. Добри мажи и жени од обете страни.

Ние и партиите што ги претставувавме со децении се боревме за нашите верувања и се боревме за добробит на нашите бирачи. Ние го правевме тоа за кое верувавме дека е правилно, се боревме во битките за кои верувавме дека треба да се бориме, и се прикажувавме низ целиот свет како демократија која, е, нели единствениот пат до слободата. На ова место, исто така, се соочувам со историјата.

Токму овде нашите претходници одлучија да се спротивстават на подредувањето на Македонскиот народ под нечие вазалство во 1991 после историскиот и скоро едногласен референдум, каде што ставивме крај на ропството и напишавме во закон дека ниту еден маж или жена не е помал од кој било друг од нас, и повторно го внесовме Македонскиот народ на голема врата во семејство на нациите, таму каде што заслужено припаѓа! Ние прогласивме независност и се обврзавме дека ќе се бориме против секоја неправда врз Македонскиот народ, дека се спротивставуваме на злото и покажавме како демократијата и гласт на народот триумфира.

Големи нешта се направени на ова место, големи дела од големи луѓе, прекрасни доблестни мажи и жени, па дури и поголеми од нас. Сепак, мои драги пријатели, ние дојдовме до крајот на нашиот пат.

Ние едноставно, потфрливме и не успеавме.

Не успеавме и нашиот неуспех го скрши овој дом и институцијата што ја сакаме. Не успеавме, а тоа означува и неуспех на нашите партиски политики.

Никој од нас не може да избега од таа реалност, никој од нас не може да ја сокрие, негира или да ја оспори. Како резултат на партиски дејства од двете страни на овој дом имаме скршена власт на оваа некогаш обединета и горда нација.

Би можел да ги набројувам одлуките, политиките, лажните лојалности што доведоа до овој колапс. Можам да именувам имиња, да ги подвлечам лагите и да раскажувам за моменти кога преку алчноста или идиотизмот решивме да направиме она што е најдобро за нашите партии, а не за нашата земја, она што е најдобро за нас, а не за нашиот народ. Можам да ги набројувам сите оние многупати кога ние, како слуги на народот, ги изневеривме луѓето. Но што ќе биде поентата?

Вистината е дека никој од нас не е недолжен, ниту еден од нас не може да ја избегне вината. Ние како лидери на оваа земја можевме да спречиме колапс, но сите ние го одбравме својот комодитет како поважен од оној на оние надвор од ова Собрание. Ние се избравме и поставивме себеси и нашите партии пред нашиот народ.

Но, што друго би можеле да направиме? Можевме да застанеме, би можеле да протестираме, би можеле да се спротивставиме на нашите партиски лидери. Но со која цел и резултат? Сите ние веруваме дека ние и партиите што ги застапуваме се најдобри и безгрешни и го правиме она што е најдобро за нашата држава и земја. Сите ние мислиме дека нашите политики, морал и етика на самите нас лично и на нашите партии се вистинскиот начин за да се води земјата и државата. Ако не верувавме дека знаеме најдобро, ние немаше ни да бидеме тука.

Но, тука е проблемот, реалноста покажа дека ова не е точно. Сега ние стоиме на врвот на поделена, обезличена нација која можеби никогаш нема да може да ги реформира институциите и да стане повторно на нозе. И тоа се случи поради нас. Тоа е наша вина. Следејќи ги тие тврдоглави заблуди за праведноста и правилноста на нашите лични постапки и оние на нашите партии, ние сме тие што го предизвикавме овој колапс. Сега, ние сме проблемот.

Па што треба да се прави? Можеме да продолжиме, би можеле да продолжиме понатаму по истиот пат, кој секој ден ја прави оваа земја поподелена, понеотпорна и со помалку водство и визија. Ние, секако, можеме да го сториме тоа! И гледаjќи низ салава на Собраниево, лесно можеме да видиме дека многумина од нас веќе се препуштија и помирија со одењето по тој пат на уништувањето. Помирени со брзиот колапс, бидејќи сите ние сме премногу уплашени или премногу срамежливи да кажеме не.

Но, ние исто така можеме да кажеме не! Можеме како еден заеднички дом да и кажеме на земјата и народот: “Жал ни е, но ние не можеме да ги донесуваме овие одлуки, ние едноставно не сме доволно добри за тоа. Ние не можеме да сториме ништо освен да ве изневериме и сега и во иднина.

Луѓето нè избраа да ги застапуваме, тоа е вистината, но ние повеќе не сме способни да го правиме тоа! Нашите партии повеќе не се способни да ве представуваат. Повеќе не е во национален интерес да продолжиме да го претставуваме народот кога покажавме дека не можеме да владееме.

Треба да се промениме дами и господа, треба да бидеме подобри. Ние треба да бидеме поголеми од тоа што сме сега. Секој од нас треба да одлучи кој сме, што сме и кого ние воопшто представуваме. Треба да се одтргнеме од безбедноста на нашето другарство и партиската лојалност и да дејствуваме и да гласаме за она за што веруваме дека е праведно, за она што веруваме дека е во најдобар интерес на нашиот народ, а не за она што ни го кажуваат нашите партиски лидери дека е најдобро. Ако ние не потфрливме, тогаш нашите лидери се двојно проколнати за тоа наше потфрлање и неуспех.

Она што ве прашувам да го сторите не е лесно, ве прашувам мои драги колеги да ги уништите партиите што ги претставувате. Ве прашувам за доброто на нацијата да ја отфрлите лојалноста кон партиите и да се потсетите на вашите заклетви. Ве молам да сторите вистински, праведен и морален избор.

Сега, кога ние веќе не можеме да управуваме, не можеме да водиме и не можеме да одлучуваме, ние мора да го вратиме прашањето за нашето место во светот назад кон народот. Ние мора да го распуштиме овој Собраниски Дом и нашите партии, и откако ќе го сториме тоа, да почнеме со нов лист, бидејќи во моментов никој од нас не е способен да застане повторно на ова место и да побара подршка за избор на ова свето место кое го претворивме во поделено царство потребно на никому друг освен нам самите.

Безимен пратеник на Македонското Собрание. 12ти Април 2019 година господова. Скопје, Република Македонија.

Горан Шумкоски, член на Иницијативниот одбор на Родина

Бидете дел од тимот на Родина.

Родина е иницијатива на трудољубивиот и чесен македонски народ.

Електронска пристапница:

Бидете дел од тимот на Родина.

Родина е иницијатива на трудољубивиот и чесен македонски народ.

Електронска пристапница:
https://rodina.org.mk/pristapnica/