ТЕМЕН ВИЛАЕТ МАКЕДОНИЈА И ВО 21 ВЕК!

Последната бомба која пукна во раката на бомбашот Зоран Заев, одново ја покажува целата беда на овој систем, кој е во предсмртна безалтернативна агонија и се валка во криминал, насилие, неморал, неправда. Консензусот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за изборот на Катица Јанева, која сирота едвај името можеше да си го изговори, беше токму во насока да се заштитат и „десните“ и „левите“ од прогон. Страда обичниот народ, кој не е покриен од политичката и судска мафија, настрадаа Уставобранителите, наместени во дилот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ политичка мафија, за промена на власт .  За нив обичниот народ е стока, кој за ситна пара треба да им работи деноноќно и да им служи во нивната бахатост и изопаченост. Оваа состојба во нашето општество е идентична како од времето на турското…

ПрочитајТЕМЕН ВИЛАЕТ МАКЕДОНИЈА И ВО 21 ВЕК!

МИЛА ЦАРОВСКА, СО БЛАГОСЛОВ ОД ЦАРСКАТА НИ ВЛАДА, ВАКА ЌЕ ГИ (ПРЕ)ОБРАЗУВАЛА НАШИТЕ ОСНОВЦИ

Сѐ поактуелно станува прашањето за воведување на наставата по сексуално образование во деветто одделение во основното образование. Онаа, за која се спроведоа некакви анкети, во кои, нормално, образложението беше убаво спакувано во обланда за да биде широко прифатено. Што всушност се спроведува промовирајќи го сексуалното образование? Дали всушност се работи за спроведување на Родовата идеологија создадена од ЛГБТИ заедницата. (Навикнати сме да слушаме ЛГБТ, но во последно време е актуалена кратенката ЛГБТИ. Л – лезбејки. Жени кои општат со жени, Г- геј . Мажи кои општат со мажи. Б – бисексуалци. Оние кои општат и со мажи и со жени, Т – трансгендер. Оној кој го променил полот преку операција., или така се чувствува и претставува, И – интерсексуалци. Оние кои немаат точно дефиниран род, најчесто аномалија при…

ПрочитајМИЛА ЦАРОВСКА, СО БЛАГОСЛОВ ОД ЦАРСКАТА НИ ВЛАДА, ВАКА ЌЕ ГИ (ПРЕ)ОБРАЗУВАЛА НАШИТЕ ОСНОВЦИ

АНТИ ДРЖАВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ФИНАНСИРАНИ ОД ЗАПАД И НОВАТА ИНКВИЗИЦИЈА!

Го потенцираме најновиот случај на невладините организации, коалицијата Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација кои поднесоа тужба против професорот д-р Благоја Јанаков, за учебникот „Основи на персонологија 2“, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, врз основа на новиот закон за спречување и заштита од дискриминација. Финансиери на оваа невладина организација се: Родина Македонија прашува, кој им го дал правото на невладините организации, така грубо да се мешаат во образовниот систем и со какви РЕФЕРЕНЦИ и КВАЛИФИКАЦИИ го прават тоа? Не е доволно да ги имаш светските учители по демонкратија како спонзори! Родина Македонија искажува целосна поддршка за професорот д-р Благоја Јанаков, Со тебе професоре е целиот родољубив народ!  ХЕРА, уште една невладина организација која во следната учебна година…

ПрочитајАНТИ ДРЖАВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ФИНАНСИРАНИ ОД ЗАПАД И НОВАТА ИНКВИЗИЦИЈА!

“СЕГА МУ Е МАЈКАТА” ДА ЈА ДОБЕТОНИРАТЕ „СЕВЕРНА“ НА ПАТОТ КОН ЕУ!?

За така наречениот ‘‘МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ‘‘, меморандум од 3 декември 2020 година, во Скопје, Македонија, со кој се огласија Македонската академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ – Скопје . Документот е потпишан од претседателот на МАНУ, акакдемик Љупчо Коцарев, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски. Меморандумот започнува, ‘‘Во овие судбински денови за европската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на…‘‘ Судбински денови!? Зошто овие денови се судбински!? Кој тоа процени дека токму овие денови СЕ‘ но и МОРА да бидат судбински!? Токму Вие Господа ги премолчевте или ги прифативте сите досегашни предавства!? Да Ве потсетиме, Преспанскиот договор, Бугарскиот договор, Тиранската платформа…

Прочитај“СЕГА МУ Е МАЈКАТА” ДА ЈА ДОБЕТОНИРАТЕ „СЕВЕРНА“ НА ПАТОТ КОН ЕУ!?

МУРТИНСКИОТ ТРГОВЕЦ

Родина Македонија е згрозена од „континуираното транспарентно тргување“ на Муртинецот, со се‘ што значи МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКО! Муртинскиот трговец се испазари со евроатлантистичкото-англосаксонистичко завереничко дувло, така да „И МЕСО И КРВ“ МАКЕДОНСКА ПРОДАДЕ ЗА БЕЗ ПАРИ! (Наспроти Венецијанскиот трговец, антилик од истоименото дело на Вилијам Шекспир, кој имал за право, во случај на невратен долг да земе фунта месо од телото на позајмувачот, без да протече ни една капка крв!) И така флоскулата „Нема алтернатива за Македонија освен евроатланскиот пат“, не донесе директно во пеколот! Ако патот на Данте до Пеколот го водел преку девет круга, не можеме и ние да се „пожалиме“, дека немавме кругови. Имавме и тоа бааги кругови на патот до Пеколот. Да се потсетиме на Првиот круг до Пеколот, т.н. Лисабонска декларација за забрана…

ПрочитајМУРТИНСКИОТ ТРГОВЕЦ

ЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!

Вчера Тетово беше најзагаден град во светот, по незнаме кој пат. Град со неполни сто илјади жители, неспоредливо помалку од милионските мегаполиси во светот, под падините на прекрасната Шар планина, го дише најзагадениот воздух. Каква апсурдна состојба, опасна по живот! Во слична состојба се и останатите градови во Република Македонија! Македонија, земја на сонцето, со 340 сончеви денови, со 2 милиони жители, уште ги сече шумите и се грее на дрва, во 21-от век. Безидејноста на политичките гарнитури, корупцијата, како и најголемиот дострел на владеењето на градночалниците, цртање на маркици и зголемување на катноста, ги претворија градовите во урбани депонии и хаос, платен со здравјето на луѓето. Лицемерието за некаква загриженост на кризни штабови, влада, позиција и опозиција е ефтин театар, за да продолжи грабежот на 650 милиони…

ПрочитајЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!

ЖОЛТАТА КУЌА ЛОЦИРАНА ВО ВЛАДАТА НА „СЕВЕРНА“!

Често слушаме, го допревме дното!  Со оваа однадвор инсталирана влада, гледаме дека дното може да се копа, да се оди многу длабоко под него и да се стигне до пеколот, кој се повеќе народ го чувствува.  А ДАЛИ НЕ СМЕ И ВО САМИОТ ПЕКОЛ кога  Артан Груби, кој ги води седниците на оваа таканаречена влада, првиот вице премиер, бил САМО преведувач во Жолтата куќа! Тој истиот Артан, миленик на амбасадорската булумента, уличарски насилник, тепач со камења на македонските млади, кој како чакал ги таманеше своите жртви на очиглед на полицијата! Тоа е таа куќа во која се вадеа органи на живо за богатите нарачатели. Куќа за која знаеа сите, а се правеа глуви и слепи, а зошто, останува на нивната совест. Во тој грозоморен бизнис беа вклучени и високи претставници на западната…

ПрочитајЖОЛТАТА КУЌА ЛОЦИРАНА ВО ВЛАДАТА НА „СЕВЕРНА“!

МАКЕДОНИЈА ВОЗДРЖАНА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ГЛОРИФИКАЦИЈА НА НАЦИЗМОТ!

На 18 ноември, во Њујорк, на состанокот на Третиот комитет на 75-та сесија на Генералното собрание на ООН, по иницијатива на Руската Федерација се гласаше по резолуција „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики што придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и други форми на нетолеранција “. Како коавтори на оваа резолуција се јавуваат и 58 земји од сите региони на светот. Резолуцијата беше изгласана од апсолутното мнозинство 122 земји членки на ООН,две земји САД и Украина, беа против. Воздржани беа 53 земји, вклучително и Северна Македонија, заведена под буквата “N”. САД е отворено за глорифијација на фашизамот, дали треба да бидеме изненадени? Тука мораме да се запрашаме каков е тој став на неопределеност, воздржаност, таа неуталност кога станува збор за…

ПрочитајМАКЕДОНИЈА ВОЗДРЖАНА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ГЛОРИФИКАЦИЈА НА НАЦИЗМОТ!

ОСТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА, „АЛЛ ИН“ !

Функционирањето на Владата на „Северна“, министерот Филипче, како и немање на Специјален кризен штаб за пандемијата од ковид 19 (има Комисија за заразни болести која само дава препораки до Комисијата во Владата, но нема никакви ингиренции понатаму) претставува опасност од највисок степен по здравјето на населението и националните интереси на Република Македонија. До јавноста пристигнуваат се повеќе информации за многу изгубени животи, но и животи на млади луѓе, по ходниците на девастираното здравство, уништувано од деценските рекетарски шаблони на здравствената мафија, партизација, непотизам. Од јавноста се сокриени многу успешни ефтини методи за лекување на Сарс-Ков-2. Очигледно, целта е да се пренасочи лекувањето во прескапите приватни клиники, каде за еден третман се бараат фантастични 13 000 евра. Не доследен прецизен протокол на матичните лекари како примарна здравствена заштита и чекање…

ПрочитајОСТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА, „АЛЛ ИН“ !

СТАРИОТ КОНСТРУКТ НА ЗАПАДНИТЕ ПРОПАГАНДНИ СИСТЕМИ ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ И НИВНИТЕ ДЕНЕШНИ ИСПОСТАВИ!

Со текст со наслов „МОДЕЛ НА РУСКО ВЛИЈАНИЕ ПРЕКУ ПРОКСИ-ИЗВОРИ И ИНСТИТУЦИИ, ПРЕД ИЛИ ЗА ВРЕМЕ НА КЛУЧНИТЕ МОМЕНТИ ВО ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАТА“ од 14 Ноември 2020 година, порталот F2N2 (Fighting Fake News Narratives) или во превод „борци против лажни вести“, беше спомната нашата политичка партија Родина Македонија, во крајно лажен контекст, односно класичен Fake News Narratives, веќе виден во светот со Навални, Скрипал случајот, Русијагејт, итн.  Конструктот на текстот е потпрен на една приватна посета на нашата земја од страна на претседателот на меѓународната организација „РУСОВ“, Андреј Родионов, кој е голем пријател на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. F2N2 „борците за лажните вести“, инаку финансирани од американска амбасада и брифирани од домашни и странски служби, токму таа посета ја користат за цел еден конструкт за руско влијание…

ПрочитајСТАРИОТ КОНСТРУКТ НА ЗАПАДНИТЕ ПРОПАГАНДНИ СИСТЕМИ ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ И НИВНИТЕ ДЕНЕШНИ ИСПОСТАВИ!