ЕДНА ГОДИНА НА НИВНАТА „СЕВЕРНА“ ОД ЧЛЕНСТВО ВО НАТО!
Хибридната држава „Северна“, креирана од западните инжeнери за социјален инжeнеринг слави една година од членство во НАТО.Го слават и првиот рекет за воена опрема нарачана од САД, кој не чини над 200 милиони евра, во услови на економска и здравствена криза, каде луѓе умираат по ходниците на здравствените установи, каде луѓето во колони одат во Србија на вакцинација, инаку земја која не е членка на НАТО и ЕУ.НАТО, кој сака себе да се промовира како носител на демократија, со неговите специјални демократски пакети од ураниумски бомби и хибридни војни, не ја испочитува волјата на македонската нација со највисокиот демократски институт Референдум, каде на 30 септември 2018 година, јасно кажа дека не сака во НАТО, ЕУ и промена на име.Во суштина, денеска во НАТО членува едно мртвороденче „Северна“, со…
