Говор на омраза или пресуда на народот, оној македонскиот, не некој анонимен
Сосема сте во право, г.Ружин, новите механизми на комуникација му овозможуваат на секого да си го каже сопственото мислење, да пресуди занекој настан или личност, да ја каже сопствената вистина. Е сега вас ве заболе народната вистина, тоа е ваш проблем. Што мислевте сиве овие години кога местевте тендери, кога лапавте провизии од македонските душмани кои вие ги нарекувате стратешки партнери, кога си ги вработувавте децата за месечна плата во износ од целогодишна на една текстилна работничка? Што мислевте кога го испокрадовте народот до гола кожа? Што мислите сега кога се обидувате да го преименувате народот, да му го одземете идентитетот, да му ја продадете историјата? Мислите ли дека народниот суд ќе ве остави без пресуда. Овие навреди на кои вие се жалите, се само соопштување на пресудата,…