Рекетот, поткупот, уцената на Северна врз Република Македонија

Дивата Северна и нејзините експоненти полека си го покажуваат вистинското лице сокриено позади луксузната облека и шминка купена од западните центри. Консензуалниот кандидат за СЈО на СДСМ-ДПМНЕ е само една алка од рекетот кој се одвива врз народната каса Буџетот на Р.Македонија, Уставот на Р.Македонија и Законите на Р.Македонија. Ниту една нормална држава нелегално прибрани снимени материјали не дозволува да се користат во било каков судски процес, ниту истите слободно да се објавуваат. Снимките со кои СДСМ уценуваше премиер на држава, Претседател на држава, голем дел од општеството имаа една голема цел, да се инсталира Северна и да се замолчи секој кој наумил да ја брани Р.Македонија! Уценета беше комплетната општествена, духовна, интелектуална ако може да се каже елита, која вплеткана во криминалот молчеше за цело време додека…

ПрочитајРекетот, поткупот, уцената на Северна врз Република Македонија

Реакција на Родина за мигрантските кампови во Р.Македонија

Една политичка партија која се декларира како демократска, сите свои чекори битни за државата ги црпи од легитимитетот добиен за тие чекори на избори. Во Република Македонија, со дивата Северна, пучистичката власт легитимитетот за своите чекори ги црпи од западните центри на моќ, станувајќи обична марионета во креирање на новиот темен светски поредок, каде нацијата треба да биде убиена од западната корпорација и западните институти за социјален инжинеринг. Мигрантската криза својот почеток го има во интервенцијата на западните сили врз суверените земји на блискиот исток, каде заедно со методите на хибридна војна, лажно прикажување на оружје за масовно уништување и прикажување на диктаторски режими, многу држави се урнати до темел, предизвикувајќи ја огромната хуманиратна катастрофа. Хуманост од оваков тип како што ја практикуваат западните елити е само прикривање…

ПрочитајРеакција на Родина за мигрантските кампови во Р.Македонија

Оставка

И повторно пропагандната машинерија на окупаторската управа, сдс-дпне теледиригирана од остатоците на западните глобалисти делегитимирани од сопствените народи, е вклучена со полна пареа. Темата е нова, поентите стари, глупостите секојдневие. Така наречената опозиција наводно бара оставка од така наречената власт.  Да се потсетиме, дпне, партијата што бара оставка од власта, истата нелегално ја донесе на власт во Пржино. Дпне цело време активно соработува во рушењето на македонската држава и во уништувањето на македонскиот народ кое што го спроведува сдс. Дпне да сакаа да го спречат заев, можеа да го уапсат кога беа на власт, докази имаше, проблеми сега ќе немаше.   Уште полошо, со својата сегашна и претходна попустливост им дава комфорт на предавниците спокојно и без страв да го довршуваат предавството (лажно) надевајќи се дека и во…

ПрочитајОставка

Симболика на стравот на Хунта пред распаѓање која праќа 10 полицајци на стар професор кој ја пее Химната.

Добро утро НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, уште еден сончев ден во нашата татковина Македонија во историјата ќе биде запишан како црн датум. Уапсен е Нестор Огинар! Продавачите на евРОПСКА магла и слуги на нато, односно окупационата управа во Македонија, кои себе си се нарекуваат влада на северџганија, засилено продолжуваат со својата злосторничка агенда. Професорот Огинар за жал не изврши злосторство против човештвото за да седне во окупаторската влада. За жал тој само гласно го изговори името на својата татковина Македонија, на македонска земја, во нејзиниот главен град Скопје. Окупаторот уапси интелектуалец од светски рамки, универзитетски професор, борец за човекови права, голем македонски родољуб. Родина најсилно го осудува ова изживување врз македонскиот народ, и повикуваме веднаш и безусловно да бидат ослободени сите Македонци затворени за јавно изразена љубов кон својата татковина.…

ПрочитајСимболика на стравот на Хунта пред распаѓање која праќа 10 полицајци на стар професор кој ја пее Химната.

Попис

Опозицијата немало да прифати попис со ваков закон. Да видиш, да не поверуваш. Во Македонија ниту постои опозиција, ниту власт. Постои окупаторска управа и постои окупиран народ. Окупаторската управа работи во две смени. Едната краде, другата одмара. За народот нема одмор. Од сабајле работи за окупаторот и управата, попладне работи за да се прехрани. Платите се мизерија и стигаат само за сметките, даноците и каматите, односно за окупаторската управа и нормално за окупаторот. Дискутабилно е кој повеќе зема. Драги краде, Бети ја ослободуваат. После некоја друга Бети ќе краде па Драги ќе го ослободуваат. Оние што го кренаа гласот во име на народот се во затвор. И се така со години наназад. Со години наназад нѐ крадат додека ние внимателно ја гледаме нивната представа на власт и опозиција,…

ПрочитајПопис

НАТО пропаганда во македонските градинки и специјална војна против нашите деца!

Видео од индоктринацијата: https://www.youtube.com/watch?v=sIMPpjH_ofk&fbclid=IwAR21ihKoZFtr3VxhMdAoI4v4j5dOL48GRUCVIvQw6IbSEceVd0WRnXRLJT8 Во месец јуни 2019 година во земјата Антиуставна и Недемократска Северна, урната од западните служби, воената организација НАТО изврши директна индоктринација на нашите деца во градинките, прикажувајќи се како хуманитарна организација, притоа кршејќи ги сите конвенции за заштита на детето при Обединетите нации, како и домашните закони за заштита на детето. Да потсетиме, детето со Женевската декларација за правото на детето од 1924, како и Декларацијата за правото на детето усвоена од Обединетите нации од 1959 година, како и Универзалната декларација за правата на човекот, треба да биде воспитувано во духот на идеалите прокламирани од Повелбата на Обединетите нации, ПОСЕБНО ВО ДУХОТ НА МИРОТ, ДОСТОИНСТВОТО, ТОЛЕРАНЦИЈАТА, СЛОБОДАТА, РАМНОПРАВНОСТА И СОЛИДАРНОСТА. Денеска НАТО е единствената воена организација која ги крши повелбите на Обединетите нации во…

ПрочитајНАТО пропаганда во македонските градинки и специјална војна против нашите деца!

Нема ЕУ нема НАТО. Време е за други, вистински опции за Македонија

Како што и целиот македонски народ длабоко во себе знаеше, целиот предавнички процес на однадвор наметнатата нелегитимна Хунта преку нелегален пуч, не беше за никакви членства некаде и некогаш ниту пак за подобрување на благосостојбата на македонскиот народ. Целта е уништување на македонскиот идентитет и со тоа уништување на државата Република Македонија чиј носител е тој, за да може безидентичната и безимена територија да биде лесно распарчена меѓу соседите. И сето ова не е само "академско" прашање за занимавање на масите со теледебати на платенички квазиинтелектуалци туку ќе има и вистински консеквенци кога не си стопан на својот имот. Ќе бидеш вечно роб или ќе бидеш исчистен засекогаш од прадедовските огништа ако не е согласуваш со ропството. Вчерашното одбивање на ЕУ за почеток на разговори (не членство, туку некој…

ПрочитајНема ЕУ нема НАТО. Време е за други, вистински опции за Македонија

Реакција на ИО Родина за таканаречените претседателски избори во Северна

Обидот на нелегитимната власт да организира избори по мерка на странскиот фактор заврши неуспешно. Народот веќе одамна ги препозна предавничките игри и на таканаречената власт но и на таканаречената опозиција, кои во служба на надворешни корумпирани политички елити претставени како меѓународен фактор, повторно ги применија сите „балкански“ методи за фалсификување на избори. Но и покрај сите предизборни и изборни манипулации, со заеднички сили, глумејќи демократија а спроведувајќи лудило, сдс и дпне официјално едвај постигнаа цензус од 40%. Неофицијално и реално бројката е многу помала, имајќи ги во предвид официјалните 4% неважечки гласови, но и насила вадените од дома гласачи, купените со пари и уценетите со работни места. Родина му честита на македонскиот народ за правилната одлука да ги бојкотира овие нелегитимни и недемократски избори. Родина повторно апелира криминалците…

ПрочитајРеакција на ИО Родина за таканаречените претседателски избори во Северна

Македонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.

Македонецот преку својата вековната борба за слобода и сопствена држава, конечно после многу жртви и пролеана невина крв, после втората светска војна а во рамките на југословенската федерација се избори за својот вековен стремеж. Оваа борба се круниса со референдумот за независност во 1991 год.  Но и покрај формалната слобода, многу основни човекови права останаа неостварени. Во една, колку е можно, куса форма ќе се обидеме да ги представиме основните човекови права опфатени од Универзална декларација за човекови права (УДХР) — декларација донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 г. во дворецот Шајо, Париз. Поради интерес на просторот и изобилството со содржини ќе го опфатиме периодот од осамостојувањето па до денес. До 2001 година конкурирањето за било кое државно место, работно или едукациско, се…

ПрочитајМакедонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.

КРИМИНОКРАТИЈА

Општо прифатено начело е дека секоја демократска држава треба да поседува соодветна поделба на власта. Владеењето во современите држави е потпрено на три носечки столбови, три типови на власт, судска, извршна и законодавна. Судството е еден од основните, еднакви по вредност столбови на современата демократска држава. Сите три делови од власта му служат на народот и мораат да внимаваат еден на друг за да се обезбеди одговорност за нивните постапки и активности. Во една демократска држава во која постои владеење на правото, ниту еден столб на власта не смее да делува само во полза на сопствените интереси, туку во интерес на народот во целина. Во демократските држави каде постои целосно владеење на правото (“Etat de droit” или “Rechtsstaat”), сите три столба на власта мораат да делуваат врз основа…

ПрочитајКРИМИНОКРАТИЈА