РОДИНА ќе го демонтира западниот геостратешки геноциден проект „Северна“ и ќе ја разобличи улогата на западната меѓународна заедница
Македонија на својот евроатлански пат која го оди веќе трета деценија, започна како Референца во ООН за да задоволи една земја членка на еу и нато, иако беше државен конститутивен елемент во Југословенската федерација, се откажа од сопственото знаме и стави ароманско знаме (serach: aromanian flag), се откажа од малцинствата во соседството, се откажа да брани сопствена територија при напад на терористички организации, фалсификуваше попис и бројка на малцинство, територијално се реорганизираше, сето тоа под менаџмент на западната меѓународна организација и со изговор дека патот кон нато и еу нема алтернатива. На 30 септември 2018, евроатлантистите со Референдумот и грубата специјална војна која ја поведоа во медиумскиот простор, „видните“ гости од западот, полнење на кутии, пробаа да ни наместат самоубиство, а ние креиравме излез врз кој ќе ја…