ИМА ЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРОГРАМА ПРОТИВ ГЛОБАЛИЗМОТ?
Најголемата опасност за опстанок на националните држави во Европа е транснационалниот глобализам. Во борбата за зачувување на националниот карактер на секоја држава мора да се надминат три главни форми на несигурност: физичка, економска и културна. Таканаречените популистички движења во Европа се во подем токму поради тоа што во својата политичка програма на својот народ им нудат физичка безбедност во границите на својата држава, економска сигурност (ограничување на владеењето на глобалните корпорации) и заштита за нивната културна и национална посебност. Во Македонија, како и насекаде низ Европа, глобализацијата ги подрива националните а во замена ги нуди нео-либералните вредности кои го уништуваат македонскиот карактер на државата а со тоа и традиционалните вредности и културната посебност на македонската нација. Ретко кој во Македонија ги спори придобивките од слободната трговија и технолошкиот…